Хемометријата претставува примена на математички и статистички методи за анализа на хемиски податоци. Официјалната дефиниција според Меѓународното хемометриско друштво (International Chemometrics Society - ICS) е:

Хемометријата е наука која ги поврзува мерењата направени на хемиски системи или процеси кои се однесуваат на состојбата на системот преку примена на математички и статистички методи.

Хемометриските истражувања во себе вклучуваат повеќе различни методи кои може да се применат во хемијата. Постојат техники за правилно собирање на податоци (оптимизација на експериментални параметри, дизајн на експерименти, баждарење, обработка на сигнали) и за екстракција на информации од собрани податоци (статистика, препознавање на облици, моделирање, проценка на структура-својства релации).

Хемометријата претставува мост помеѓу методите и нивната примена во хемијата.

Примена

уреди

Во спектроскопијата најчестата примена на хемометријата е во баждарење. Баждарењето се прави со користење на скептри кои всушност претставуваат повеќедимензионални дескриптори со кои може да се предвидат концентрациите на конституентите од интерес со употреба на статистички пристапи како што се: повеќекратна линеарна регресија, регресија на карактеристични вектори и регресија на парцијални најмали квадрати. Останатите популарни хемометриски техники вклучуваат ab initio предвидување на бројот на компоненти, редукција на шумот во податоците и раздвојување на криви кои се преклопуваат.

Хемометриски конференции

уреди

Во светот редовно се одржуваат неколку конференции за хемометрија. Некои од нив се дадени во листата што следи.

За повеќе информации за конрефенции поврзани со хемометријата одберете го следниот овој линк Архивирано на 12 октомври 2007 г..

Повеќе информации

уреди

Литература

уреди
  • R. Kramer, Chemometric Techniques for Quantitative Analysis, (1998) Marcel-Dekker, ISBN 0-8247-0198-4.
  • D.L. Massart, B. Vandeginste, L. Buydens, S. De Jong, P. Lewi and J. Smeyers-Verbeke, Handbook of Chemometrics and Qualimetrics, Vol 20 A, (1997), Elsevier, ISBN 0-444-89724-0; Vol 20 B, (1998), Elsevier, ISBN 0-444-82853-2
  • R. G. Brereton, Chemometrics: Data Analysis for the Laboratory and Chemical Plant, (2003) Wiley, ISBN 978-0-471-48978-8.

Надворешни врски

уреди