Вера Рафајловска: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
LBakraceski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 15:51, 6 септември 2006

Вера Рафајловска , во моментов министер за економија, е родена на 25 февруари 1947 година. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот Свети Климент Охридски, Битола. Експерт е за даноци, сметководство, финансии и ревизија.

До изборот за министер работи како директор-партнер, овластен ревизор и овластен проценител во Рафајловски консалтинг ДОО-Скопје, каде е и главен и одговорен уредник на Репрезент и даночен практикум, списание за сметководство, финансии, ревизија и даноци.

Од 1991-1998 година била заменик директор и партнер во Центарот за економско правен консалтинг В&Ф, Скопје, каде била главен и одговорен уредник на стручното списание Економско правен советник и работела како презентер на семинари. Во својата професионална кариера била заменик директор во Економски центар од Скопје и советник за економски прашања на генералниот директор во ЈП Комуналец. Рафајловска е автор и коавтор на повеќе написи во стручни списанија и специјализирани изданија од областа на сметководството, даноците и од областа на практичната примена на меѓуанродните сметководствени стандарди.

Во моментов е претседател на Македонската асоцијација на сметководители и финансиери. Зборува француски, словенечки, српски, хрватски и бугарски јазик.