Антена 5: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Miki k (разговор | придонеси)
Нова страница: '''Антена 5 Радио''' (95.5 FM) е радио мрежа стационирана во Скопје, Македонија, со целна група н...
(нема разлика)

Преработка од 19:55, 11 мај 2008

Антена 5 Радио (95.5 FM) е радио мрежа стационирана во Скопје, Македонија, со целна група на слушатели од 12 до 45 години. Антена 5 е број 1 радио по слушаност и рејтинг на национално ниво.

Историја

Почетокот на Антена 5 Радио е во 1994 со идеја Македонија да има совре¬мено хит радио со комплетно нов радио израз кое ќе понуди модерна европска програмска концепција. Антена 5 во Македонија го воведе светски најраспространетиот и најуспешниот радио формат (CHR) Contemporary Hit Radio. Водителите на Антена 5 понудија нов, во тоа време модерен стил на најавување, прилагодувајќи го гласот кон ритамот на музиката и воведоа нов стандард кој создава и радио динамика, која е знак за препознатливост на Антена 5. Од самиот почеток се вклучи во европскиот крем на радио станици кои беа собрани од музичката телевизија MTV ( MTV RADIO NETWORK), и како резултат на тие контакти и работа, стана дел од европската радио индустрија. Во својата историја има направено повеќе од 300 интервјуа со најголемите музички звезди. Антена 5 епрвата радио станица на Балканот со своја WEB страна, во 1995 и прва која емитуваше програма преку интернет REAL AUDIO во 1996. Присуствува со свои репортери на големите Европски музички настани MTV Europe Music Awards почнувајки од 1994, BRIT AWARDS, Големите европски DANCE фестивали; ги пренесува во живо светските големи концерти (NET AID, CONCERT FOR NEW YORK, WORLD AIDS DAY, PARTY IN THE PARK) и најголемите музички настани кои се случуваат во регионот и во Македонија. Промотивно за светските дискографски компании во Македонија промовира синглови и албуми. Во 1994 прва воведува компјутерско водење на програмата со емитување на звук во етер преку компјутери. Од 1995-1997 Антена 5 ја продуцира Радио Топ Листа На Македонија, која ја компилираше и емитуваше во живо заедно со 20 најпопуларни радио станици од цела Македонија Има организирано преку 100-тина разни забави, маскенбали и подржа безброј концерти, претстави, настани во Скопје и низ Македонија. Прва промовира СМС поврзаност со публиката, 2001. Прва воведува седум музички стилски канали на интернет заедно со ОН НЕТ, 2001. Антена 5 покрива 95 % од територијата на Македонија со 20 предаватели со висококвалитетен Стерео РДС ЕОН сигнал. Прва во Македонија инсталира копмлетна дигитална ON AIR студиска опрема, спремна за новиот светски радио broadcast стандард DAB (DIGITAL AUDIO BROADCAST).

Надворешни Врски