Работничка класа

(Пренасочено од Пролетеријат)

Работничка класа е израз што се употребува во социологијата и во секојдневниот говор.

Кога се употребува како израз поврзан со општествените класи, се дефинира и се користи на разни начини, во зависност од контекстот и зборувачот. Изразот вклучува поврзаност со степен на образование, занимање, култура и примање на пари. Кога се користи во секојдневниот говор, вообичаено се мисли на еден дел од општеството којшто се потпира на физичка работа, особено кога за тоа се прима дневница или плата по час.

Вообичаеното и географското користење на изразот е со различни значења. Во екстремни случаи, добро платен човек со диплома од универзитет во Обединетото Кралство може да се нарекува припадник на работничката класа заради заднината на неговото семејство, додека многу полуобучени и добро обучени работници во САД се одликуваат како припадници на средната класа. Вообичаено се разликува од високата и средната класа во врска со пристап до економски добра, образование и културни интереси. Употребата на изразот не подразбира гордост, но многу луѓе кои се сметаат за припадници на работничката класа се гордеат со тоа. Работничката класа главно е присутна во индустријализирани области.

Различните значења во општественополитичка употреба го прават изразот контроверзен во секојдневната употреба и употребата во социологијата како концепт и како предмет на изучување, неговото значење премногу варира, особени по падот на рачната работа во постиндустријалните општества. Некои академици (социолози, историчари, политички теоретичари итн.) се сомневаат во полезноста на концептот на работничка класа, додека други користат некои верзии на концептот.

Во САД, социолозите Денис Гилберт, Џејмс Хенслин, Вилијам Томпсон и Џосеф Хики донесоа класни модели во коишто работничката класа претставува околу една третина од населението.

Работниците како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди