Софиски плоштад (Киев)
Софискиот плоштад (украински: Софійська площа ) е плоштад кој се наоѓа во Киев, Украина. Плоштадот се наоѓа во реонот Шевченко, и ги поврзува Владимирската, Тарасовската, Софиската и Рилската улица.
Софиски плоштад Софійська площа | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Киев |
Земја | Украина |
Изградбата на плоштадот или местото каде се наоѓа денешниот плоштад е поврзано со изградбата на црквата Света Софија. Таа започнала во 1011 година во времето на кнезот Владимир Велики кој во 988 година го прифатил христијанството како службена религија во Киевска Рус[1] . Катедралата била завршена во 1037 година, во времето на киевскиот кнез Јарослав Мудриот, познат како голем градител на цркви.
Своето име плоштадот го добил во 1869 година, кога биле именувани многу слични згради и градби во градот. Во текот на советското владеење, плоштадот главно бил пренасочен кон одбележување на победата на Црвената армија во текот на војната, па според ова се нарекувал Плоштад на Црвената армија, со исклучок на германското владеење на градот од 1941 до 1943 година.