Владимирска улица (Киев)

Владимирската улица (украински: Володимирська вулиця) е улица која се наоѓа во Киев, Украина. Улицата се наоѓа во Шевченковскиот реон.

Владимирска улица
Володимирська вулиця
Поранешни називи:Андреевска, Софиска, Златна, Униврзитетска
Нижно-Владимирска
Короленка
Широчина:2,9
Поштенски број:01025
Место:Киев, Украина
Карта

Имиња

уреди

Во текот на својата историја, оваа улица имала најразлични имиња како:

  • Андреевска, Софиска, Златна, Униврзитетска (30-тите години од 19 век
  • Голема Владимирска улица
  • Нижно-Владимирска (почетокот на 20 век)
  • Короленка (1922-1944)

Историја

уреди

Владимирската улица е една најстарите улици во градот Киев. По инвзијата на Татарите, стариот град во денешен Киев со векови се претворил во пустина.

Во текот на XVIII век започнала обновата на црквата Света Софија, која се наоѓа во близина на улицата. Кон почетокот на XIX век започнала изградбата на улиците кои водат кон Златната порта. Кон 30-тите години на 19 век, улицата била проширена. Во 1834 година покрај оваа улица се изградил Киевскиот универзитет. Од тој момент, улицата добила големо значење за градот. Во 1895 година, на улицата бил изграден трамвај.

Во 1901 година, улицата била реконструирана. Денеска, иваа улица е една од најатрактивните во градот.

Познати градби

уреди