Непобедливо Сонце

римско сончево божество
(Пренасочено од Сол Инвиктус)

Непобедливо Сонце (латински: Sol Invictus) — официјален бог на Сонцето во Римското Царство и заштитник на војниците. Во 274 г. римскиот цар Аврелијан го претворил во официјален култ, покрај останатите римски култови. Научниците не се согласуваат во поглед на тоа дали божеството е древен латински култ кон Сонцето,[1] оживување на култот кон Елагабал[2] или нешто сосема ново.[3] Богот е обожуван од царевите по Аврелијан, и се појавува н монети сè до Константин I.[4] Последниот запис кој зборува за Непобедливото Сонце потекнува од 387 г.,[5] а во V век имало толку многу приврзаници, што Свети Августин сметал дека е неопходно да зборува против нив.[6]

Монета на царот Проб, околу 280 г. Непобедливото Сонце е прикажано како вози квадрига, и написот SOLI INVICTO. Царот (лево) има круна во облик на сончеви зраци.

Идејата која била популарна во XVIII и XIX век, дека 25 декември е избран ден за Божик поради тоа што на тој ден се одржувал римскиот фестивал „Dies Natalis Solis Invicti“ (Роденденот на Непобеденото Сонце), била негирана од црквата.[7] Поинакво објаснување за совпаѓањето на датумите се сметало за „академска хипотеза“.[8] И двете теории имаат свои приврзаници.[9][10][11]

Епитетот „Непобедливо“

уреди
 
Посвета создадена од свештеник на Јупитер Долишки за благосостојбата на царевите[12]

Инвиктус (или непобедлив) бил епитет на повеќе римски божества, вклучувајќи ги: главниот бог Јупитер, богот на војната Марс, Херкул, Аполон, и Силван.[13] Епитетот се користел од III век п.н.е.[14] Римскиот култ кон Сонцето потекнува уште од „раната историја“ на градот, и се провлекува сè до воспоставување на христијанството како државна религија. Научниците понекогаш ги разликуваат како две посебни божества „Сонце“ (Sol) и „Непобедливо Сонце“ (Sol Invictus), но и отфрлањето на таквата идеја си има свои приврзаници.[15]

Елагабал

уреди

Првиот бог на сонце кој постојано бил нарекуван „непобедлив“ (invictus), бил сирискиот бог Елагабал. Според „Историја на царевите“, наследникот на Север го присвоил името на својот бог и култот кон него го довел во Рим. Откако бил прогласен за цар, тој ги занемарил римските традиционални божества и го промовирал својот бог како најмоќен. Ова завршило со неговото убиство во 222 г.. „Историја на царевите“ посочува дека Елагабал е нарекуван и „Јупитер и Сонцето“ (fuit autem Heliogabali vel Iovis vel Solis).[16] Ова е сфаќано како обид да се внесе сириски бог во Рим.[17]

Аврелијан

уреди
 
Римски сребрен диск на Непобедливото Сонце (III век), пронајден во Песинунт (Британски музеј)

Римскиот цар Аврелијан бил исто така поврзуван со култот кон Сонцето.[18] По неговите победи на Исток, царот Аврелијан го обновил култот кон Сонцето, искачувајќи го богот-Сонце на највисоко место во царството. Претходно, свештениците на Сонцето биле сакердоти и припаѓале на понизок слој од општеството,[19] сега Аврелијан ги поставил на високо место. Секој свештеник на Сонцето бил член на сенаторската елита, со што се покаќувало дека свештениците на Сонцето се сега висока класа.[20] Аврелијан исто така изградил нов храм на Сонцето, со што вкупниот број на храмови во Рим бил четири.[21] Тој исто така поставил и игри во чест на богот на Сонцето, кои се одржувале секои четири години од 274 г., па натаму.

Идентитетот на Непобедливото Сонце на Аврелијан долго време бил тема на расправи меѓу научниците. Некои научници сметаат дека негова основа бил Сончевиот Елагабал од Емеса. Други сметаат дека потекнува од Зосим, богот на Сонцето од Палмира, поради тоа што Аврелијан ја поставил статуата на тој бог во храмот на Непобедливото Сонце, а која била украдена од Палмира.[22] Професорот Гери Форсит додал трета опција, која се заснова врз трудот на Стивен Хиџманс, и според која богот на Сонцето на Аврелијан е едноставно традиционалното грчко-римско Непобедливото Сонце.[23]

Константин

уреди
 
Монета на царот Константин I посветена на Непобедливото Сонце, со натпис SOLI INVICTO COMITI, околу 315 г.
 
Идентична монета како претходната, но со царот Лициниј од другата страна

Царевите го поставувале Непобедливото Сонце на нивните официјални монети, заедно со бројни натписи, а само некои од нив го содржат епитетот „непобедливо“ (invictus), како што е натписот SOLI INVICTO COMITI. Со ова тие сакале да покажат дека Непобеденото Сонце е придружник на царот. Ова најмногу го користел Константин.[24] Статуите на Непобедливото Сонце се појавуваат на три места во Сводот на Константин. Официјалните моенти на Констанин ја содржеле сликата на Сонцето сè до 325-6 г..

Со одлука на Константин од 7 март 321 г., денот на сонцето (недела) е прогласен за римски ден за одмор:

Заради почит кон денот на Сонцето, сите судии и луѓето кои живеат во градови нека одмараат, а работилниците нека бидат затворени. Но, луѓето кои работат земјоделство слободно нека продолжат со својата работа, бидејќи често се случува друг ден да не е погоден за сеење или за садење на лоза; за да не се случи да се пропушти вистинскиот момент за таквите дејанија, па наградата од небото да биде изгубена.[25]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. See S.E.Hijmans, "The sun that did not rise in the east", Babesch 71 (1996) p.115–150
  2. See Gaston Halsberghe, "The cult of Sol Invictus", Leiden: Brill, 1972
  3. As Hijmans states (p.115): "Scholars have consistently postulated a clear distinction between the Republican Sol Indiges and the Imperial Sol Invictus." and p.116 "We should keep in mind, however, that most scholars agree that this cult [Sol Indiges] was never important, and that it had disappeared altogether by the beginning of the second century AD"
  4. Halsberghe, "The cult of Sol Invictus", p.155: "Up to the conversion of Constantine the Great, the cult of Deus Sol Invictus received the full support of the emperors. The many coins showing the sun god that these emperors struck provide official evidence of this." and p.169 "the custom of representing Deus Sol Invictus on coins came to an end in AD 323."
  5. Halsberghe, "The cult of Sol Invictus", p.170 n.3: "CIL VI, 1778, dates from AD 387,"
  6. Halsberghe, p.170, n.4: "Augustine, Sermones, XII; also in Ennaratio in Psalmum XXV; Ennaratio II, 3."
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CofE.
  8. Susan K. Roll, Toward the Origin of Christmas (Peeters Publications 1995 ISBN 978-90-3900531-6), p. 88
  9. Intransigence and Indifference: Essays Concerning Religion and Spirituality (2009) by Jarred James Breaux
  10. Steven Hijmans, "Sol Invictus, the Winter Solstice, and the Origins of Christmas" in Mouseion, Number 47/3 (2003), pp. 384–385
  11. Karen B. Westerfield Tucker, "Christmas" in Adrian Hastings, Alistair Mason, Hugh Pyper (editors), The Oxford Companion to Christian Thought (Oxford University Press 2000 ISBN 978-0-19860024-4), p. 124
  12. CIL VI.31181.
  13. Hijmans, S. E. (2009). "The sun which did not rise in the east", p. 124.
  14. Hijmans, Steven Ernst. (2009). Sol: The Sun in the Art and Religions of Rome (diss., University of Groningen 2009), p. 18, with citations from the Corpus Inscriptionum Latinarum.
  15. Hijmans (2009, стр. Chapter 1) (a reworking of Hijmans, 1996; Matern, 2001; Wallraff, 2002; and Berrens, 2004; all follow Hijmans.
  16. Historia Augusta, 1, 5: English translation (Loeb) from Thayer [1] & Latin text [2]
  17. See in particular Halsberghe 1972.
  18. J.C. Richard, “Le culte de Sol et les Aurelii. A propos de Paul Fest. p. 22 L.”, in: Mélanges offerts à Jacques Heurgon. L'Italie préromaine et la Rome républicaine, Rome, 1976, 915–925.
  19. Hijmans 2009, стр. 504–5
  20. For a full list of the pontifices of Sol see J. Rupke (ed.), Fasti Sacerdotum (2005), p. 606. Memmius Vitrasius Orfitus lists his priesthoods as pontifex of Vesta, one of the quindecimviri sacris faciundis, and pontifex of Sol, in that order (Corpus Inscriptionum Latinarum vol. 6, 1739–1742). In a list of eight priesthoods, Vettius Agorius Praetextatus puts Pontifex Solis in third place (CIL Грешка во Lua: , 1779).
  21. The other three were in the Circus Maximus, on the Quirinal, and in Trastevere. Hijmans 2009, chapter 5
  22. Dirven, Lucinda (1999). The Palmyrenes of Dura-Europos: A Study of Religious Interaction in Roman Syria. BRILL. стр. 169. ISBN 978-9004115897.
  23. Forsythe, Gary (2012). Time in Roman Religion: One Thousand Years of Religious History. Routledge. стр. 142-143. ISBN 978-0415522175.
  24. A comprehensive discussion of all sol-coinage and sol-legends per emperor from Septimius Severus to Constantine can be found in Berrens (2004).
  25. Excellent discussion of this decree by Wallraff 2002, 96–102.

Библиографија

уреди

Во културата

уреди

Надворешни врски

уреди