Соколе Јованоски
Соколе Темелков Јованоски ( 1912 во Малкоец, Кичевско — 1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Определен за борба против окупаторот, во народноослободителната војска на Македонија стапил во летото 1943 година во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред. Во септември 1943 година, од слободно Кичево, со четата од комесарот Мирко Милески, загинал на Буковиќ за одбрана на слободната територија, каде загинал во нерамна борба со Германците и балистите на 1 октомври 1943 година.[1]