Славко Митанов Јованоски ( 1902 во Малкоец, Кичевско3 октомври 1943 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Славко Јованоски
Роден 1902 година
Малкоец, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал 3 октомври, 1943 година
Кичево, Македонија
Стрелан од балистите.
Националност Македонец
Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Славко Јованоски.

Животопис уреди

По занимање бил земјоделец. Кога се формирал Кичевско - мавровскиот партизански одред во пролетта 1943 година и кога бил извршен нападот на возот на Пресека, Славко стапил во неговите редови. Со Одредот учествувал во повеќе акции низ Копачијата, а кога била нападната четата на Мирко Милески на Буковиќ на 1 октомври, Славко бил упатен на Буковиќ со засилување, но бил фатен од балистите, донесен во Кичево и стрелан на 3 октомври 1943 година во близина на касарната.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 68.