Сложувалка (документарен филм)
Сложувалка (The Puzzle) — македонски документарен филм во режија на Александар Ковилоски, кој се однесува на појавата и развојот на македонскиот хип-хоп. Филмот е направен во реализација на екипата на Хип Хоп Македонија и Урбан Институт-Скопје. Во процесот на подготвување на докуменатецот активно учество зедоа и: Ѓоре Милевски и Небојша Милосављевиќ. Времетраењето на филмот е 39 минути.
„Сложувалка“ | |
---|---|
Режисер | Александар Ковилоски |
Продуцент | Александар Ковилоски Славчо Ковилоски |
Главни улоги | Ицко и VG (Чиста Околина), DJ Гоце (САФ), Против Сите и Green Out (Легијата), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Тигаз (ДНС), ПУКА Козметика, Хром (графити), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), Токсикологија (Токсиколози), Зад Аголот, Тони Зен, Слаткаристика, Авторизација, Дивизија, Титан, Стрес, Огнен beatbox |
Кинематографија | Ѓоре Милевски Небојша Милосављевиќ |
Монтажа | Ѓоре Милевски |
Студио | Хип Хоп Македонија Урбан Институт-Скопје |
Премиера | 16 ноември 2015(Синедејс, Скопје) |
Времетраење | 39 минути |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Содржина
уредиПремиерата на документарниот филм Сложувалка (The Puzzle) се случи на 16 ноември (понеделник) во Кино Фросина – МКЦ, на скопскиот филмски фестивал Cinedays.[1] Филмот не е класичен хип-хоп документарец, туку е колаж од гледишта, искуства и идеи на поединци од македонската хип-хоп сцена, вклучувајќи интервјуа со скоро сите позначајни артисти и групи од почетокот на макрап сцената до денес. Филмот не ја документира историјата на македонскиот хип-хоп, туку на експериментален начин поттикнува прашања и отвора дискусија за сегашноста на оваа култура, споредувајќи ја со сложувалките, кај кои доаѓањето до финалната слика е процес на трпеливост, интелигенција и креативност. На филмот е работено две години, а се работи за 39-минутен колаж од размислувања на голем број хип-хоп артисти кои оставиле белег на македонската андерграунд сцена.[2]
Според оцената на некои медиуми: „'Сложувалка: изгубените делови' не е правен во стилот на 'видете колку е све ова кул', туку од гледна точка на веќе созреани луѓе, кои знаат да направат дистанца меѓу личните љубови и она што го истражуваат“.[3] Исто така, забележано е дека филмот е: „Одлично прифатен од македонската хип-хоп генерација“.[4]
Учесници во документарниот филм
уредиИцко и VG (Чиста Околина), DJ Гоце (САФ), Против Сите и Green Out (Легијата), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Тигаз (ДНС), ПУКА Козметика, Хром (графити), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), Токсикологија (Токсиколози), Зад Аголот, Тони Зен, Слаткаристика, Авторизација, Дивизија, Титан, Стрес, Огнен beatbox. Името на филмот доаѓа од идејата дека спојувањето на нивните размислувања во една идеја е процес сличен на сложувањето на коцките кај сложувалките, со цел на крајот да се дојде до бараниот резултат.
Фестивали
уредиФилмот е прикажан на неколку филмски фестивали, меѓу кои: Cinedays во Скопје, „Браќа Манаки“ во Битола, уметничкиот филмски IOF фестивал во Бангладеш, „Dok’ n’ Ritam“ во Белград, Србија и на други места. Документарецот беше прикажан и во кино „Милениум“ во Скопје, при што на самиот влез можеше да се набави и DVD издание, титлувано на англиски јазик.[5]
Награди
уреди2015 - Македонски Алтернативни Награди (МАН) - награда за најдобар македонски документарен филм.[6]
2016 - Музички фестивал „Dok’ n’ Ritam“ - специјална награда за уметничка искреност.[6][7][8][9]
Наводи
уреди- ↑ „Промоција на македонскиот хип-хоп документарен филм „Сложувалка"“. Посетено на 2018-07-18.
- ↑ 14. Фестивaл на европски филм. „СЛОЖУВАЛКА / PUZZLE“ (PDF). cinedays.mk. Посетено на 18 јули 2018.[мртва врска]
- ↑ „Македонски хип-хоп документарец на Синедејс“. Off. Посетено на 2018-07-18.
- ↑ „Македонскиот хип-хоп документарец „Сложувалка" е поставен на Ју тјуб (ВИДЕО)“. МКД.мк. Посетено на 2018-07-18.
- ↑ „"СЛОЖУВАЛКА" во кино Милениум – Бла Бла Телевизија“. blabla.mk (англиски). Посетено на 2018-07-18.[мртва врска]
- ↑ 6,0 6,1 „Македонскиот хип-хоп филм „Сложувалка" со награда на фестивал во Белград“. Сител Телевизија. Посетено на 2018-07-18.
- ↑ „Македонскиот хип-хоп филм "Сложувалка" со интернационална награда“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2016-07-02. Посетено на 2018-07-18.
- ↑ „Македонскиот хип-хоп филм „Сложувалка" со интернационална награда“. Република Online. 2016-06-29. Посетено на 2018-07-18.[мртва врска]
- ↑ „Македонскиот хип-хоп филм „Сложувалка" со интернационална награда“. А1он (англиски). 2016-06-29. Посетено на 2018-07-18.[мртва врска]