Чиста околина
Чиста околина[1] - се македонски рок група од Скопје. Формиран во 1989 година.
Чиста околина | |
---|---|
Потекло | Скопје, Македонија |
Жанрови | алтернативен рок, инди рок, панк, хардрок, пост панк |
Период на активност | 2006 година - денес |
Историја
уредиЕден од неколкуте пионерски обиди за создавање автентичен рап-состав во Македонија датираат од 1989 година, со основањето на колективот Чиста Околина. Столбовите на колективот се двата паралелни обиди за домашно рапување, со снимање на обични касетофони. Првиот е Кељав Дабар, кој го сочинуваат Веле Солунчев-Скелеку Скас, Аце Змејковски-Денвер, Александар Таковски-Спикер Тако и Александар Стаматов-Стамче Фолк, а вториот е Зен односно Serious Bass односно – последното име на проектот во обид – Палавштините на Гроздан Темелковски, на Рифат ЕминУлав и на Ристо Солунчев-Ицко. Во 1991 година кон колективот се придружуваат уште два состава: Лош Фкус со Владимир Трајчевски-Скарфејс, Миро Попов-Миро, Самоил Петревски-Самоил Царот и со Брцко, како и (Б)Анален Отпор со Виктор Георгиев-Виџи, Љубиша Петровски-Деликвент и Христијан Санев-Кик. Тогаш официјално и започнало да се користи името Чиста Околина, кое е идеја и осмислен концепт на Рифат Емин, со тенденциозна повеќезначност: екологија, но и околина исчистена од лоша култура, кич и “кремандурство“, како и чист, бришан простор на слободата. Со оглед дека Деликвент претходно веќе работи како диџеј, на неговата опрема, во 1991 и 1992 година, колективот започнува со снимање на првите посериозни демо снимки, кои во поголем дел се работени со ритам машина но дел од позадините на траките се создавани и на тогашните саундбластери. Во еден од тие пионерски обиди за презентирање на своите траки ќе се појават и на радио емисија во МРТВ, но емитирањето на нивната трака е веднаш прекинато и истата е извадена од програмата, поради искажаните вулгарности во текстот. По првите појавувања на бина, на фестивалот „Rap’n’Roll“ одржан во 1992 година во МКЦ, се случуваат и неколкуте клупски свирки, што, сепак, нема многу да влијаат на тоа колективот да излезе од длабоката анонимност. Бројниот максимум на членството го постигнуваат кон крајот на 1992 година, кога на Чиста Околина `и се придружуваат Гордан Стојковски-Џоге, Митко Гаштаровски-Пики Сипи, Ванчо Дамјански-Ване Најдолгиот и Јане Јосифовски-Јане Баш Буц. Првата демо верзија на албумот Новиот Аспект На Старата Школа е направена летото 1993 година. Тогаш се создадени песните Римувани способности, Во потрага по корените, Јас сум шеф, Веле велемајстор и други, верзии што подоцна нема да се најдат на албумот. Сепак, поради игнорантскиот однос на тогашните медиуми кон рапот и хип-хоп културата воопшто, Чиста Околина ќе твори на маргините на анонимноста сè до 1994 година. Пресврт во кариерата на колективот ќе биде поканата што ќе ја добие од Енис ХаџиќЕнко (Last Expedition) за правење заедничка песна по примерот на интернационалната и мегауспешна компилација „Judgement Night“. Идејата тешко ќе биде протуркана и меѓу другите членови на Last Expedition, но по првата проба, на сите им станува јасно дека таа е извонредна. Песната Кељав дабар, која според музичката емисија „Досие“ е прогласена за најдобра македонска песна во 1994 година, е поместена на вториот албум на Last Expedition, Изгубени Ликови. Мегауспехот на оваа нумера му овозможува на колективот настапи на неколку фестивали во 1995 година: на 2 септември на „Strip & Sound“ во „Music Garden”, на 15 септември на „Трот Фест“ во Куршумли ан, како и на „Godea Loud“. Остатокот од таа 1995-та, групата или поточно нејзиниот креативен скелет – Ицко, Веле, Рифат, Виџи и Самоил (потпишани како продуценти на албумот) – го поминуваат во креативен процес во домашното импровизирано студио во станот на бабата на Ицко и на Веле, кое ќе го наречат „Палавштините на Гроздан Темелковски“, испитувајќи ги можностите на ритам-машината изнајмена од Гоце Трпков. Таму ќе бидат снимени планираните 27 траки за албумот, па така, од своето основање до издавањето на албумот, Чиста Околина ќе вкнижи на свое конто повеќе од 70 демо-снимки, од кои само 21 ќе издвои за својот деби-албум. Миксањето на одбраниот материјал го прават Веле и Владимир Каевски. Како гости што ќе `и помогнат на групата во реализација на замисленото се запишани и Влатко Јаневски (Last Expedition), кој ја свири бас-линијата во Ептен добри во студио, и вокалната група „Иљахии“, која работи во склоп на друштвото Јени Јол, во темите Пуздер и Разрешување. Идејата за логото на колективот е на Виџи, а реализацијата на Кики. Во поглед на стиховите албумот изобилува со мноштво на лирски метафори и слики ослободени од диктатот на разумот, во склад со дадаистичко-надреалистикиот артизам што бендот го има како своја парадигма. Во почетокот на 1996 година, групата соработува со Игор Иванов во проектот „ТВ Бордожбањ“, толкувајќи ја главната ролја во филмот „Ќебето на Ацо Шопов“, каде што нејзините членови се играат самите себеси. Конечно, на 14.5.1996, со промоција во музичката продавница „Масива“, официјално е објавен деби-албумот Новиот Аспект На Старата Школа. Албумот, објавен на касета, е меѓу првите рап-изданија во Македонија, создадено во олд скул стил, тенденциозно снимен без семплер и произведен само на ритам-машина и на грамафон. Гледано од денешна перспектива, Новиот Аспект На Старата Школа е едно од најзначајните албумски остварувања во македонската музичка дискографија. Само неколку дена по објавата, Чиста Околина се појавуваат на групниот концертот одржан на 23 мај во МКЦ, во организација на музичкото радио „Канал 103“, а по повод петгодишнината од неговото постоење. Концертната промоција на материјалот ќе ја подготвуваат невообичаено долго, цела година, па официјалниот промотивен концерт ќе го има на 17 мај 1997 година, во магацинот на Нова железничка станица. На концертот ги промовираат, веќе снимениот нов сингл Пуздер (семплер ремикс), новата (четврта) верзија на Јас сум шеф, како и песната Си играме со рапот, планирана за новиот материјал. Како гости на концертот ќе се појават Дејан Спасовиќ на диџириду, Маја Мухиќ како вокал на Јас сум шеф, и тапанарот на Last Expedition – Димитар Петров. Ова ќе биде првиот, но и последен концерт на бендот што на една сцена ќе ја собере целата 15-члена формација на Чиста Околина. По концертот, свесни за гломазниот апарат во кој функционира, групата се трансформира во скратен состав, 5 + 1. Но, и во оваа варијанта нема долго да работи, не подолго од шест месеци, главно во домашното студио на бендот. И покрај тоа што ќе престане со МАКЕДОНСКА РОК ЕНЦИКЛОПЕДИЈА 423 Ч активности, популарноста на бендот ќе продолжи да расте и во следните години, па во 2000-та, агилната дискографска куќа „Литиум Рекордс“ ќе го реиздаде комплетниот деби-албум на групата како цеде, но и во оригиналниот формат – на касета. И на двата формата материјалот е збогатен со една бонус тема, Пуздер 2 (Sampler Re-Mix). Занимливост е и новиот омот на изданијата, кој целосно се разликува од оригиналниот, а го изработува концептуалниот уметник Дејан Спасовиќ. Фотографија употребена како насловна е дело на Гого Клинчаров. Обидот за реанимирање на составот со реизданијата ќе кулминира со настапот на главната вечер на третото издание на фестивалот Таксират (Таксират 1 + 2), одржана на 24 ноември на Скопскиот Саем. Но реанимацијата не успева, па секој од членовите на колективот тргнува по свои патишта. Оттогаш, групата се има појавено на сцена само двапати, како специјален гостин во изведбата на Кељав дабар на концертите на Last Expedition одржани во рамките на „Screaaam Music Festival“ на 18.2.2012, и на „Пиволенд“ на 29.8.2012 година. По долг период на неактивност, безмалку 11 години, Чиста Околина се враќаат на сцената со концерт на главната вечер на 14-то издание на фестивалот „Таксират“, на 8.12.2012 во „Метрополис арената“. За овој рејунион, последната 5 + 1 формација е сведена на квартетот Ристо Солунчев, Виктор Георгиев, Самоил Петрески и Јане Јосифовски, зајакнат со Сеад Хаџиќ-Сецко (Mooger Fooger) на гитара, Ѓоко Максимовски-Џоле (Влатко Стефановски Трио) на бас-гитара и со Гоце Стевковски (Project Zlust) на тапани. Покрај општопознатите хитови, групата премиерно изведува и три нови неснимени песни. Две од нив, Мора да е авангарда и Што со рапот, малку подоцна ќе бидат снимени во студиото „MarryPhat“ на Ивица Јанкуловски, со намера да бидат објавени на носач на звук што ќе послужи како најава за следен албум. Во 2014 година, Чиста Околина објавува уште еден сингл, Изморена авангарда, но албумот сè уште не е на повидок. Во декември 2015 година во МКЦ, се појавува на фестивалот наречен „Што се тресе во МКЦ?“, каде што на сцена се искачува со младата група Funk Shui. Четири години по првиот обид за враќање на старите патеки, „Password Production“ му дава уште една можност организирајќи ја прославата по повод 20 години од објавувањето на деби-албумот на групата и 25 години од нејзиното постоење. По тој повод, бендот излегува во јавноста со нова песна, Си играме со рапот, која ја пушта во етер на 29 јуни 2016 со видеоспот изработен од Иван Солунчев. Следуваат и две значајни појавувања на сцена, засега последни во кариерата на бендот, на „Д Фестивал“ одржан во периодот 15 – 17 јули 2016 во Дојран, и како дел од македонската елита на бендови што настапуваат на 18-то издание на фестивалот Таксират на 10.12.2016 во „Метрополис арената“. Во моментот бендот работи на четири нови траки со кои ќе го финализира планираното EP издание, но и на нов експериментален материјал што излегува од рамките на класичниот хип-хоп.
Наводи
уреди- ↑ Филиповски, Тошо (2018). Македонска Рок Ензиклопедија. Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 421, 422, 423. ISBN 978-608-66200-0-4.