Клан Исток е македонска хип-хоп група, формирана во 2000 година.

Фотографија од Клан Исток, направена во Арена Рекордс (Скопје) во 2018 година

Членови

уреди

Членовите на групата кој го издаде првиот албум го објави во 2005 година под насловот „Првиот удар“ се: Профо (Славчо Ковилоски), Човекот Х (Стојан Каевски), Братот Алек

(Александар Ковилоски), Деко (Дејан Методијески) и Маријачи.

Првиот удар

уреди

Албумот беше објавен во 2005 година. Од овој албум произлегоа сингловите: „Рапери во криза“, „Од Скопје до Софија“, „Пријател“ и „Кој е кој“. Описот на албумот од медиумите беше оквалификуван како: „Првиот удар на хип-хоп кулурата“.[1]

Отворена сезона

уреди

По неколкугодишна пауза, во која членовите на групата објавија свои соло албуми, во 2013 година Кланот Исток го издаде вториот албум „Отворена сезона“. На албумот работеа Братот Алек, Деко, Човекот Х и Профо, заедно со продуцентот Мац А.Д[2].

Активности на групата

уреди

Во својата биографија, Кланот Исток ги има впишано неколкуте гостувања во Србија и Бугарија, како и повеќе настапи во Македонија (МКЦ, Б2, Кастро)[3][4].

Групата има настапувано како предгрупа на членот на легендарните Wu Tang ClanRZA, била предгрупа на познатиот американски рапeр Jeru The Damaja, учесник на Балканскиот хип-хоп фестивал. Таа е една од ретките групи на почетокот на новиот милениум кои снимале спот на филмска лента.

Како членови на Клан Исток, Профо и Братот Алек имале повеќе активности за збогатување на македонската урбана култура со одржување на предавања за хип-хоп и урбаната култура ширум државата во Скопје (Филозофски факултет, American Corner-Скопје, Точка, гимназиите „Јосип Броз“ и „Орце Николов“), Битола, Струга и на други места.

Лирики

уреди

Главна тема во нивните песни се хардкор рап актови и социјалниот активизам, иако не се изоставени и други теми. Групата често повикуваше на промена на македонскиот политички систем, опишувајќи го како кревок, кршлив, лажен и корумпиран. Покрај песните кои во себе имаа социјална нитка, во некои песни интерес на членовите на групата се и забавите и друштвениот живот.

Наводи

уреди
  1. Петровски, Димитар (24 јуни 2005 година). „Првиот удар на хип-хоп културата“. Антена. број 367. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Клан Исток ќе промовираат албум“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2018-07-18.
  3. „Хип-хоп журка со Клан Исток“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2016-08-20. Посетено на 2018-07-18.
  4. „М.А.Н. по четврти пат ќе ја обединат домашната алтернативна сцена“. Радио МОФ (англиски). 2018-06-10. Посетено на 2018-07-18.