Славица Урумова-Марковска

Славица Урумова-Марковска (Скопје, 1987) — македонска поетеса и книжевен историчар.[1]

Славица Урумова-Марковска
Роден Славица Урумова
1987
Скопје, Македонија Македонија
Занимање поетеса и книжевен историчар

Животопис

уреди

Урумова-Марковска е родена во Скопје во 1987 година. Во родниот град завршува основно и средно образование, во 2010 година дипломирала македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а во 2017 година магистрирала на Институтот за национална историја каде е и докторанд на студиската програма Културна историја на Македонија. Работи како наставник по македонски јазик и книжевност.

Учествувала на повеќе поетски фестивали. Нејзини песни се застапени во зборници и избори во земјава и странство. Повеќето нејзини песни се објавени во литературните алманаси на ЛК Мугри, списанието Современост и Тренд (од Скопје), Авангард (Сомбор), Поета (Белград). Има учествувано на повеќе поетски манифестации:

Нејзините песни се преведувани на турски, српски, албански, бугарски и англиски јазик.[1]

Творештво

уреди

Автор е на монографијата:

  • Манастирите во скопската област како духовни и културни центри во средниот век (2019 год.) во издание на Восток.[1]

Поезија

уреди
  • Авторка е на повеќе книги поезија[1]:
  • Кога љубовта цвета (2003),
  • Лавиринт на љубовта (2004),
  • Сложувалка (2005),
  • Зад виножитото (2005) која е објавена со група автори;
  • Искри на љубовта (2006),
  • Пајтон на времето (2007),
  • Потези (2020),
  • Планета со две Сонца (2021) и
  • Алфа и Омега (2021).

Трудови

уреди

Ги објавила или презентирала трудовите[1]:

  • Urumova – Markovska, S. (2018). THE LINE BETWEEN THE LIFE AND DEATH IN THE MACEDONIAN TRADITION AND IN THE PROSE OF MITKO MADZHUNKOV.
  • Урумова – Марковска, С. (2019). ЃАВОЛОТ И САМОВИЛИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР И НИВНАТА ИМАГИНАРНА ПРЕОБРАЗБА ВО РАСКАЗИТЕ НА МИТКО МАЏУНКОВ. Филко, 3, Штип: 26-27 април 2018, 701
  • Урумова-Марковска, С. (2019). ДОМОТ КАКО ТРАДИЦИЈА ВО РАСКАЗИТЕ НА МАЏУНКОВ. Палимпсест, Год. 4, Бр. 7 Штип, 203.

Награди

уреди
  • 2010, Прва награда „Магда Симин“ во категорија до 30 години, Нови Сад[1]
  • 2020, Втора награда на седмото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри”, Гостивар, 2020[1]
  • 2021, Награда „Бели мугри“ за стихозбирката „Алфа и Омега“[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Славица Урумова-Марковска“. Инаку. 15 јануари 2021. Посетено на 3 јануари 2022.
  2. „Награда „Бели мугри" за Славица Урумова-Марковска“. Опсервер. 7.12.2021. Архивирано од изворникот на 2021-12-24. Посетено на 3 јануари 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)