Обично гну

(Пренасочено од Сино гну)
Обично гну
Период: плеистоцен - денес
Мажјак во Нгоронгоро, Танзанија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Краволики антилопи
Род: Гну
Вид: Обично гну
Научен назив
Connochaetes taurinus
(Burchell, 1823)
Подвидови

C. t. albojubatus (Thomas, 1912)
C. t. cooksoni (Blaine, 1914)
C. t. johnstoni (Sclater, 1896)
C. t. mearnsi (Heller, 1913)
C. t. taurinus (Burchell, 1823)

Распространетост на подвидовите:
  C. t. taurinus
  C. t. cooksoni
  C. t. johnstoni
  C. t. albojubatus
  C. t. mearnsi

Обично гну или сино гну (науч. Connochaetes taurinus) — вид голема антилопа од родот гну (Connochaetes) во семејството на шуплорогите (Bovidae), во блиско сродство со белоопашестото гну (C. gnou). Има пет подвида. Животното има широки рамена, силна мускулатура и крупна муцка, а предницата му е покрупна од задниот дел на телото. Младите се раѓаат кафеави, и почнуваат да ја менуваат бојата веќе од вториот месец. Возрасните единки по боја можат да бидат темносиви, синкаво сиви до светлосиви, па дури и сивкаво кафеави. Двата пола имаат големи криви рогови.

Ова е растителнојадно животно и се храни претежно со ниски треви. Живее во проретчени стада, бидејќи животното е брзо и многу претпазливо. Сезоната за парење почнува на почетокот на влажната сезона, а бременоста трае 8-8,5 месеци. Младото живее со мајката 8 месеци, а потоа оди во младинско стадо. Гнуата живеат на краткотревни рамници и савани со акации и честак во јужна и источна Африка, а особено сакаат подрачја кои не се ни премногу суви, ни премногу влажни. Секоја година, дел од источноафриканските единки одат на далечна преселба, усогласени со дождливите периоди и растот на тревата.

Обичното гну живее во Ангола, Боцвана, Кенија, Мозамбик, ЈАР, Свазиленд, Танзанија, Замбија и Зимбабве. Денес е исзчезнато од Малави, но успешно е повратено во Намибија. Јужната граница на живеалиштето му е реката Орање, додека пак западната е ограничена од езерото Викторија и планината Кенија. Ова е географски мошне застапено животно како во дивината, така и на поединечните фарми, ловишта и заштитени подрачја. Поради ова, Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN) му го има доделено статусот „најмала загриженост“ (LC). Неговата вкупна бројност се проценува на 1,5 милиони единки.

Подводиви

уреди

Обичното гну има пет подвида:[1][2][3]

  • C. t. albojubatus (Thomas, 1912) — источно белобрадо гну — се среќава во долината на Грегориевиот Расед, (јужно од екваторот). Живее од северна Танзанија до средна Кенија.)
  • C. t. cooksoni (Blaine, 1914) — Куксоново гну — се среќава во долината на реката Луангва во Замбија. Понекогаш одат до висорамнинскиот крај на средно Малави.
  • C. t. johnstoni (Sclater, 1896) — њасалендско гну — живее од Мозамбик (северно од реката Замбези) до источна средна Танзанија. Некогаш било присутно и во Малави.
  • C. t. mearnsi (Heller, 1913) — западно белобрадо гну — живее во северна Танзанија и јужна Кенија. Застапено е на подрачјето западно од долината на Грегориевиот Расед, па до заливот Спик на езерото Викторија.
  • C. t. taurinus (Burchell, 1823) — обично (сино) гну — се среќава во јужна Африка. Застапено е од Намибија и ЈАР до Мозамбик (северно од реката Орање) и од југозападна Замбија (јужно од реката Замбези) до јужна Ангола.

Изглед

уреди

Обичното гну е прилично крупен цицач со силна градба, силни нозе, големи рогови налик на кравјите и и силна муцка. Мажјаците имаат подебели рогови од женките. Животното е високо 115—145 см, со тежина од 168 до 274 кг, а долго е до 2 м. Тежината му е задржана напред, во главата. По боја е сино-сиво, а на боковите има темни пруги. Муцката, гривата и опашката се црникави по боја. Роговите се сиво-црни или црни. Грбот им е прав, или навален наназад. Женките имаат по еден пар дојки.

Черепот на животното е издолжен. Мозочниот дел е помал од лицевиот, и сочинува околу 1413 од должината на лицевиот.[4]

Се огласува со кротко, гласно или носно гровтање.

Образ жизни

уреди
 
Борба меѓу мажјаци

Обичното гну е територијално друштвено животно. Малите стада се сочинети само од женки и нивните млади. По правило, тие заземаат мала територија и можат да се спојат со друго стадо. Во текот на годината, мажјаците го напуштаат стадото и се придружуваат кон „ергенски“ стада. Во состав на стадото има само една женка, и кога некоја нова ќе се обиде да влезе во туѓо стадо, таа се изложува на прогон. Од друга страна, кога многу стада ќе се групираат заедно, женките неретко преоѓаат од едно во друго стадо. На крајот на влажната сезона, женките образуваат свои сопствени групи, но кога ќе настапи сушниот период, тие му се враќаат на стадото. Бројот на единки во стадо е условен од количеството на врнежи, големината на расположливи пасишта во сушниот период и други околински чинители.

 
Стадо во резерватот Масаи Мара

За разлика од лиророгата антилопа (Damaliscus lunatus), мажјаците на обичното гну не ја обележуваат сета граница на територијата, туку само понекаде на тревата оставаат лачевини од предочните жлезди. Ова подрачје ретко преминува 100—120 м во пречник. Кога ќе настанат борби на границата на територијалните граници, мажјаците заземаат став „на колена“.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Connochaetes taurinus. IUCN Red List. Version 2010.2. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 28 August 2010. Database entry includes a brief justification of why this species is of least concern.
  2. Земски екорегиони. Светски фонд за природа (WWF) http://worldwildlife.org/ecoregions/at0725. Посетено на 2006-06-29. Отсутно или празно |title= (help) (англиски)
  3. Connochaetes taurinus. ITIS. Посетено на 22 January 2014.
  4. Гну, Антилопа гну, Connochaetes , Гну, Connochaetes gnou, Белохвостый [обыкновенный] гну, Connochaetes taurinus Burchell = Голубой [белобородый] гну

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди