Масаи Мара
Масаи Мара е голем резерват во југозападна Кенија. Наречен е според народот Масаи и зборот „мара“ на нивниот јазик, со значење „со точки“: опис за круговите кои ги формираат дрвјата, џбуновите, саваната и сенките на облаците во оваа област. Овој национален парк е познат и по големите мачки кои живеат таму, како и по миграцијата на зебри, газели и гну која се случува секоја година од јули до октомври.
Масаи Мара, национален резерват | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Жирафи, Масаи Мара | |
Место | Кенија |
Најблизок град | Њери |
Површина | 1,510 км2 |
Воспоставен(а) | 1974 |
Управно тело | Trans-Mara and Narok County Councils |
Географија
уредиНационалниот парк Масаи Мара се протега на околу 1530 км2 во југозападна Кенија. Тоа е најсеверниот дел од еко системот Мара-Серенгети, кој покрива околу 25.000 км2. На југ се граничи со паркот Серенгети, а на север, исток и запад со пасторалните имоти на Масаи. Санд, Талек и Мара се најголемите реки во овој национален парк, а сезонски се појавуваат и поточиња.
Најголемиот дел од резерватот е покриен со трева; на југоисток расте дрвото акација, а дивите животни се концентрирани најмногу во западниот дел. Делот кој е најпосетен од туристи се наоѓа на 224 км од Наироби.
Наводи
уреди