Обединет таксономски информативен систем
Обединети таксономски информативен систем (англ. Integrated Taxonomic Information System, крат. ITIS) — соработна организација[1] која има за цел да составува и одржува доследни и доверливи инфомации за таксономијата биолошките видови. ITIS е основан во 1996 како група на владата на САД составена од неколку федерални установи, но денес е меѓународна организација со учество на министерства од Канада и Мексико. Во базата учествува голема заедница на таксономски стручњаци. Кадарот што ги обработува содржините е сместен во Смитсоновиот природонаучен музеј во Вашингтон, а информатичките работи ги врши Геолошкиот топографски институт во Денвер. Организацијата главно се задржува на северноамериканските видови, но соработува со групи од други земји и меѓународни установи со цел да се добие на што поголема покриеност.[2]
Членки
уреди- Министерство за земјоделство и исхрана на Канада (AAFC)
- Национална комисија за осознавање и употреба на биоразновидноста на Мексико (CONABIO)
- Националната океанска и атмосферска управа на САД (NOAA)
- Служба за национални паркови на САД (NPS)
- NatureServe
- Смитсонова установа
- Министерство за земјоделство на САД (USDA)
- Министерство за заштита на животната околина на САД (EPA)
- Геолошки топографски институт на САД (USGS)
- Служба за рибен фонд и дива природа на САД (FWS)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Меморандум за спогодба“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 4 април 2008. (англиски)
- ↑ Кут, Лони Д. и др. (февруари 2008). „Надгледување на меѓународната трговија со диви животни и растенија со шифрирани податоци за видови“. Conservation Biology. doi:10.1111/j.1523-1739.2007.00857.x. Посетено на 9 мај 2007.[мртва врска] (англиски)
Надворешни врски
уреди- Integrated Taxonomic Information System (ITIS)
- Canada Interface: Integrated Taxonomic Information System (ITIS*CA)
- Mexico Interface: Sistema Integrado de Información Taxonómica (SIIT*MX) Архивирано на 13 јуни 2007 г.
- Brasil Interface: Sistema Integrado de Informação Taxonômica - (SIIT*Brasil)[мртва врска]