Симо Стефаноски
Симо Боризов Стефаноски ( 1925 во Дупјани, Кичевско — 1945 во Даревац, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Симо Стефаноски | ||
Роден | 1925 година Дупјани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | мај, 1945 година Даревац, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Согледувајќи ги последиците од теророт на окупаторската власт, стапил во редовите на Првата македонска бригада во есента 1944 година. Во состав на Четириесет и осмата дивизија заминал на Сремскиот Фронт, каде загинал во борба со германците кај месноста Даревац во мај 1945 година.[1]