Симеон Метафраст

византиски хагиограф од X век

Симеон Метафраст (грчки: Συμεών ο Μεταφραστής; о. 900 - 28 ноември 987) — византиски светец, писател и државен деец. Се чествува на 9 ноември по стар стил (28 ноември по нов стил).[1] Познат е по неговиот десеттомен месецослов — зборник на житија.[2]

Симеон Метафраст
преподобен, хагиограф, логотет
Роден(а) ок. 900, Цариград
Починал(а) 28 ноември 987, Цариград
Канонизација XI век, Цариград
Слава 9 ноември (ст. ст.)
22 ноември (н. ст.)
Обележја писалка, свиток, духовничка облека

Живот

уреди

Малку се знае за животот на Симеон.[2] Живеел во втората половина на X век. Според Ефрем Малиот, врвот на кариерата го доживеал во шестата година од владеењето на Василиј II (982). Јахја Антиохиски исто така вели дека бил современик на Василиј II и патријархот Никола II (984–991).[3] Во XV век, Марко Ефески погрешно го нарекол голем логотет. Хагиографот впрочем живеел цело поклоение подоцна од историчарот Симеон Логотет со кој се поистоветува.[4]

Симеон претежно творел тропари и хагиографија. Составувал канони, стихири и тропари за Тројството. Составувал и одломки од црковните отци, особено Василиј Велики. Најважно негово дело е Месецословот, кој византологот Алберт Ерхард го нарекол „револуција во полето на хагиографијата“.[4] Според преданието, делото е направено по нарачка на Василиј II.[5]

Месецословот на Симеон е производ на енциклопедизмот својствен на македонската ренесанса. Не само што собирал и подредувал постоечки житија, туку и ги преработувал, стандардизирајќи го изразувањето во нив и збогатувајќи го нивниот реторички стил за да ги усогласи со тогашниот атицизам.[4] Прекарот „Метафраст“ го добил по чинот на метафразирање, односно дословно преведување. Симеон сепак не ја менувал содржината на самите житија и во нив и понатаму остануваат историските грешки.[5] Ги подредил според датумите кога се чествуваат во православниот литургиски календар.[4] There are about 150 distinct lives.[6]

За ова дело пофално се изразиле Никифор Уран и Михаил Псел, и истото нашироко се читало по манастирите. Стандардното издание излегло во десет томови. Во XI век се изработени голем број илуминирани примероци.[4]

Симеон е автор и на некои подготвителни и благодарствени молитви за Светата Причест[7] and prayers of thanksgiving after Holy Communion were composed by him.[8]

Почитување

уреди

Преподобниот Симеон Метафраст се почитува како светител во православието.[9] Михаил Псел ја составил неговата биографија (ок. 1050 г.) и црковната служба во негова чест.[10]

Тропар за Симеон Метафраст

уреди

Го благослови Господ бракот твој, о Симеоне, со науката за вистината, и сопатник те направи со Неговите угодници. Гласноговорник стана на борбата нивна за Христа, уста благодатна, незамолчлива на славата Божја во човекот. Затоа сега моли се за нас од пределите на тишината, каде глаголањето е пеење во крилото на Љубовта.

—Извор: МПЦ[11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Православен календар за ноември (студен) — МПЦ
  2. 2,0 2,1 James Carleton Paget (2010). Jews, Christians and Jewish Christians in Antiquity. Mohr Siebeck. стр. 212ff. ISBN 978-3-16-150312-2. Посетено на 13 ноември 2012.
  3. Според Каждан и Шевченко, ова датирање е спорно. Марко Ефески вели дека Симеон е роден за време на царот Лав VI Мудриот, но тоа би значало дека живеел премногу долго. Некои денешни стручњаци велат дека живеел во XI век, но ова им пркоси и на Ефрем и на Јахја.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Kazhdan, Alexander; Ševčenko, Nancy Patterson (1991). „Symeon Metaphrastes“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-504652-8. Invalid |url-access=со претплата (help)
  5. 5,0 5,1 Cross, F. L.; Livingstone, E. A., уред. (2009) [2005]. „Simeon Metaphrastes, St (fl. c. 960)“. The Oxford Dictionary of the Christian Church (3. прераб. изд.). Oxford University Press.
  6.   „Symeon Metaphrastes“ . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.
  7. „Каноны и молитвы для подготовки к Таинствам Исповеди и Святого Причащения - Молитвослов“. azbyka.ru (руски). Посетено на 15 април 2022.
  8. „Благодарственные молитвы по Святом Причащении - Молитвослов“. azbyka.ru (руски). 17 мај 2014. Посетено на 15 април 2022.
  9. „Преподобный Симео́н Метафраст“. Православный Церковный календарь (руски). Посетено на 15 април 2022.
  10. „СИМЕОН МЕТАФРАСТ - Древо“. drevo-info.ru (руски). Посетено на 15 април 2022.
  11. Житие: Свети Симеон Метафраст — Македонска православна црква

Надворешни врски

уреди