Месецослов

богослужбена книга

Месецослов или минеј[1][2] – црковен или народен календар со посочени денови во спомен на светци и годишен круг на црковни празници.

Чети-минеј на Дмитриј Ростовски, Киев 1714 година
Новосадски-српски месецослов од 1845 година

Исто така може да содржи упатства за особености на богослужбата на соодветниот ден. Во православието календарот влегува во состав на богослужбени книги како служебник и типикон.

Месецословот содржи само неподвижни празници од годишниот богослужбен круг.

Понекогаш во календарот се користи систем од знаци за да ги означи особеностите во богослужбата на црковните празници [3].

Зборникот од житија на светци, наречен чети-минеј (т.е. наменет за читање, а не за богослужба), е подобно подреден по месеци и дати, поврзани со светците.

Наводи

уреди
  1. „минеј“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „минеј“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Православная энциклопедия. Знаки праздников месяцеслова. Том XX. А. А. Лукашевич; М.: Церковно-научный центр „Православная энциклопедия“, 2009, стр. 268-271