Сиднејски заливски мост
Сиднејскиот заливски мост (англиски: Sydney Harbour Bridge) — една од знаменитостите на Сиднеј, Австралија. Мостот го поврзува Сиднејскиот деловен центар (Central Business District, CBD) со Северниот Брег (North Shore).
Сиднејски заливски мост | |
---|---|
Носи | Возови, возила, пешаци и велосипеди |
Преминува | Порт Џексон |
Место | Сиднеј, Австралија |
Официјален назив | Sydney Harbour Bridge |
Особености | |
Вид | лак |
Вкуп. должина | 1149 м |
Ширина | 49 м |
Висина | 139 м |
Најдолг распон | 503 м |
Потпростор | 49м |
Историја | |
Отворен | 19 март 1932 |
Местоположба | |
Прекарот на мостот е „Закачалка“ (the Coathanger) заради карактеристичниот изглед. До 1967 мостот бил највисока градежна конструкција во Сиднеј.
Австралијците доживеале разочарување кога дознале дека мостот Бајоне во САД кој е отворен на 15 ноември 1931 година е за 70 сантиметри подолг од нивниот мост. Иако не е најдолг сепак и понатака е најголемиот мост изграден од челик.
Проектант на мостот бил Сер Ралф Фриман (Ralph Freeman) кој исто така бил и структурен инженер на мостот Бирченог во Зимбабве па заради тоа мостовите се слични. Распонот на Бирченог мостот изнесува ⅔ од распонот на Сиднејскиот мост.
Ралф Фриман исто така го проектирал и мостот Викториини Водопади на Викториините Водопади.
Надворешни врски
уреди- Sydney City Council
- BridgeClimb
- Sydney Harbour Bridge turns 75 - Feature from Daily Telegraph
- 75th Anniversary Celebrations Архивирано на 31 август 2010 г.
Камери во живо:
- Sydney Harbour Bridge webcam Архивирано на 18 мај 2008 г.
- Road Traffic Authority webcams Архивирано на 8 април 2011 г.
Слики:
- Во времето на изградбата
- Од времето на отворањето, 19 март 1932 / фотографирано од W. E. Searle
- Buildings and roads around North Sydney and Sydney Harbour Bridge, 1958–1961 / Wolfgang Sievers
- За време на олимписките игри, 19-26 септември 2000 / Loui Seselja
„Сиднејски заливски мост“ на Ризницата ? |
„Сиднејски заливски мост“ на Ризницата ? |
(
)