Сењера
Сењера — вексилолошки и хералдички симбол. Историски, симболот потекнува од Арагонската круна.
Шемата на дизајнот на сењерата е искористена на актуелните знамиња на четири шпански автономни заедници: Арагон, Балеарските Острови, заедницата Валенсија и Каталонија, и е знаме на градот Алгеро во Сардинија, Италија. Шемата е употребена и на државните грбови на Андора и Шпанија, а следствено и на знамињата на овие држави, имајќи предвид дека грбовите на обете држави се претставени на нивните знамиња. Постојат повеќе локални примери во веќе споменатите територии, како и во Франција, каде се појавува сењерата. Покрај сево, сењерата понекогаш се употребува и како ознака за каталонскиот јазик.
Етимолошки, за името сењера генерално се прифаќа дека значи знаме, а поопширно може да се толкува и како ознака или некој сличен израз. Изразот сењера се јавува и како синоним за кралско знаме (на каталонски: Senyal Reial или Senyera; на стар шпански: Señal Real или Señera), иако овој израз вообичаено се однесува на арагонското и каталонското знаме. Исто така, во арагонскиот јазик сењерата обично се нарекува O Sinyal d'Aragón, што во превод значи „знакот на Арагон“.
Примери на употреба
уредиЗнамиња
уредиЗнамиња на денешни територии
-
Алгеро (Италија)
-
Provence-Alpes-Côte-d'Azur (France)
Историски знамиња
-
Crown of Aragon flag
-
The Pennon of the Conquest of Valencia.
-
interim Valencian Community (1979-1980)
-
Kingdom of Sicily flag
-
Kingdom of Naples flag (1442–1501)
-
Flag of the former French region of Languedoc-Roussillon (1970-2015)
Воени знамиња
-
Guindom of the 6th Airborne Brigade "Almogávares" (Obverse)
Знамиња на политички движења
-
Арагон: Estrelada aragonesa
-
Каталонија: сина естелада
-
Каталонија: црвена социјалистичка естелада
-
Валенсија
-
Знаме на движењето за независност на Сицилија