Арагонска Круна
Арагонската Круна била перманентна унија на повеќе титули и држави во рацете на Кралот од Арагон.
На врвот на нејзината моќ во 14 век и 15 век, Арагонската Круна била таласократија што контролирала голем дел од денешна источна Шпанија, југозападна Франција, како и неколку големи острови и делови од брегот низ Средоземното Море, проширувајќи сè до Грција. Земјите кои ја сочинувале круната не биле обединети политички освен на ниво на кралот. Во современа смисла, таа функционирала повеќе како конфедерација, а не како единствена држава. Во оваа смисла, пошироката Арагонска Круна не смее да се поистоветува со еден од нејзините составни делови, Кралството Арагон, според кој го добила името.
Во 1479 година, нова династичка унија ја споила Арагонската Круна со Кралството Кастиља, создавајќи го она што ќе стане Кралство Шпанија. Титулите компоненти на Арагонската Круна како наследни титули на шшанскиот крал се користеле до 1716 година, кога биле укинати со декретите Нуева Планта, како последица на поразот на претпочитаниот кандидат за наследник на претходните компоненти за Арагонската Круна во текот на Војната за шпанското наследство.