Вексилолошка терминологија

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Вексилолошки симболи)

Вексилолошката терминологија вклучува поими со кои се објаснува дизајнот и описот на едно знаме. Голем дел од вексилолошките поими се проследени и со графички симбол што го олеснува описот на дизајнот.

Делови на знамето

уреди
 
Делови на знамето

Едно знаме може да ги има следните делови:

  • амблем - приказ на одреден грб или останат хералдички симбол
  • позадина - основната боја на знамето на која се наредени останатите елементи
  • прицврстен дел - двата кантона кои се наоѓаат до јарболот, односно половина знаме
  • слободен дел - двата кантона кои се наоѓаат од спротива на јарболот, односно половина знаме
  • кантон - која била четвртина од знамето, но сепак најчесто за кантон се смета горниот лев кантон.
  • беџ - кој било хералдички симбол прикажан на знамето
  • гранична лента - тесни ленти кои се наоѓаат помеѓу две големи ленти за да се означи разграничување.
  • долен и горен раб - рабовите на знамето
  • агли - четирите агли на знамето

Симболи

уреди

Некои држави имаат едно национално знаме кое се користи во неколку контексти, за разлика од останатите држави кои имаат неколки знамиња за различни контексти. Честопати, пловното знаме и знамето од истиот контекст се со ист дизајн, како што е случај со Република Македонија. Постојат шест основни контексти кои со комбинирање се добиваат повеќе. Комбинирањето е во зависност од намената на знамето. Шесте основни контексти се[1]:

Останати симболи

уреди

Постојат и останати симболи кои појаснуваат како знамето изгледа, како што е дизајнот, истакнувањето и слично. Симболите за општа уботреба се:

  •   Нормална или де јуре верзија на знамето или предна страна
  •   Дизајн предложен во минатото, но не се користел официјално
  •   Дизајнот е реконструкција заснован на минат опис
  •   Задна страна на знаме
  •   Дизајнот е прифатлива верзија на знамето
  •   Алтернативна верзија на знамето
  •   Де факто верзија на знамето
  •   Знамето има различен дизајн на предната и задната страна на знамето
  •   Предната страна е замислена да биде исправена каде јарболот е на десна страна на набљудувачот
  •   Дизајнот е официјално одобрен да претставува нација
  •   Дизајн кој се користел во минатото, но денес е напуштен (овој симбол не е во сетот на Смит)
  •   Задната страна е копија од предната
  •   Задната страна е во согласност со предната страна
  •   Информација за задната страна не е достапна
  •   Знамето може да биде поставено вертикално на нормален јарбол, а потоа да се сврти јарболот за 90 степени
  •   Знамето може да биде поставено вертикално со претходно ротирање на дизајнот
  •   Методот за вертикално поставување на знамето не е познат
  •   Дизајнот нема елемент кој можe да се ротира
  •   Знамето може да се постави само вертикално

Наводи

уреди
  1. „Официјално мрежно место на FIAV“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-28. Посетено на 2010-10-07.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди