Сент Џон
Сент Џон (анг. Saint John) е Карипски остров и дел од Американски Девствени Острови. Тој е најмал од трите главни острови: Сент Џон, Сент Томас и Сент Крој. Сент Џон лежи околу 6 километри источно од Сент Томас, и 6 километри југозападно од Тортола кој е дел од Британски Девствени Острови. Островот зафаќа површина од 40 км2 и 4.157 жители. На Сент Џон нема аеродром и единствен начин на пристап е по пат на брод, обично ферибот.
Наречен и: Love City Љубовен Град | |
---|---|
Сент Џон | |
Географија | |
Место | Карипско Море |
Координати | 18°20′N 64°44′W / 18.333° СГШ; 64.733° ЗГД |
Архипелаг | Девствени Острови, Острови Ливард |
Држава | |
САД | |
Американски Девствени Острови | |
Сент Џон | |
Најголема населба | Круз Беј (pop. 2,706) |
Демографија | |
Население | 4,170 (2010) |
Густина | 82,09 /km2 (21.261 /sq mi) |
Историја
уредиПрвите жители на овој остров се Аравак Индијанците кои дојдоа од брегот на Колумбија и Венецуела околу 300-тата година од новата ера. Данците беа први Европејци кои дојдоа во 1672 година. Тие му го дадоа името кое на дански е Sankt Jan. Поради плодната земја и топлата клима, направени се бројни плантажи на шеќерна трска. За работа се користени робови - Црнци и домородците сè додека не изумреа. САД ги купија островите од Данска во 1917 година и тука основаа воена база. Главна гранка од која се полни буџетот на островот е туризмот.
Надворешни врски
уреди„Сент Џон“ на Ризницата ? |
- St. John[мртва врска] – Официјален портал