Зелена политика или екополитика е политичка идеологија која има за цел да го поттикне еколошки одржливото општество, вкоренето во правата на животна средина, ненасилството, социјалната правда и грасрутс демократијата.[1][2] Идеологијата започнала да се гради во западниот свет во 1970-тите; оттогаш се развиваат зелените партии кои се етаблираат во многу земји ширум светот, дел од кои постигнуваат значаен изборен успех.

Сончогледот често се толкува како симбол на зелената политика

Политичкиот термин „зелено“ се употребувал првично во однос на Зелените,[3][4] германска политичка партија формирана кон крајот на 1970-тите, чии тогашни гледишта се слични со денешните основи на зелената политика.[5]

Поддржувачите на зелената политика споделуваат многу идеи со конзерваторските, еколошките, феминистичките и мировните движења. Покрај демократијата и еколошките проблеми, зелената политика се занимава со граѓански слободи, социјална правда, ненасилство, понекогаш варијанти на локализам и има тенденција да го поддржува социјалниот прогресивизам.[6] Платформите на зелените партии во голема мера се сметаат за леви во политичкиот спектар. Зелената идеологија има поврзаност со разни други екоцентрични политички идеологии, вклучувајќи го и екофеминизмот, еко-социјализмот и зелениот анархизам, но постои дебата за тоа до кој степен овие идеологии може да се гледаат како форми на зелена политика.[7] Сообразно на развојот на левичарската зелена политичка филозофија, поларно се појавува и движење во десницата кое вклучува еколошки компоненти, како што се еко-капитализам и зелен конзервативизам.

Наводи

уреди
  1. Wall 2010. p. 12-13.
  2. Peter Reed; David Rothenberg (1993). Wisdom in the Open Air: The Norwegian Roots of Deep Ecology. University of Minnesota Press. стр. 84. ISBN 978-0-8166-2182-8.
  3. Derek Wall (2010). The No-nonsense Guide to Green Politics. New Internationalist. стр. 12. ISBN 978-1-906523-39-8.
  4. Jon Burchell (2002). The Evolution of Green Politics: Development and Change Within European Green Parties. Earthscan. стр. 52. ISBN 978-1-85383-751-7.
  5. Playing by the Rules: The Impact of Electoral Systems on Emerging Green Parties. 2007. стр. 79. ISBN 978-0-549-13249-3.
  6. Dustin Mulvaney (2011). Green Politics, An A-to-Z Guide. SAGE publications. стр. 394. ISBN 9781412996792.
  7. Wall 2010. p. 47-66.