Обичен свиркач

вид птица
(Пренасочено од Северна пескарка)
Обичен свиркач
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Пескарки
Вид: Обичен свиркач
Научен назив
Calidris alpina
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Erolia alpina
Pelidna alpina

Распространетост на подвидовите, миграционите патишта и поважните европски зимувалишта

Обичен свиркач или северна пескарка (научCalidris alpina) — мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (научScolopacidae), родот на пескарките (научCalidris). Се размножува на Арктикот или субарктичките региони. Птиците кои живеат во Северна Европа и Азија преселници на долги релации и презимуваат на југ кон Африка, југоисточна Азија и на Блискиот Исток. Птиците, пак, од Алјаска и Канада се селат на кратки растојанија до тихоокеанскиот и атлантскиот брег на Северна Америка, иако оние од во северна Алјаска презимуваат во Азија. Многу обични свиркачи зимуваат по должината на пиринејскиот јужен брег. Оваа птица се среќава и во Македонија.

Поведение

уреди
 
На источниот брег од Англија

Птицата е мошне дружељубива зиме, образувајќи големи јата на мочуришните брегови или песочните плажи. Голем број од нив може да се видат како виорат во синхронизиран лет на местата за одмор за време на преселбата кон зимските престојувалишта. Оваа птица се движи по должината на крајбрежјата и песочните плажи со карактеристичен начин на исхрана, како „машина за шиење“, методично кревање мали прехранбени производи. Инсектите се главниот дел од нивната исхрана, но јадат и мекотели, црви, ракови и др.

Опис

уреди

Оваа птица е една од најчестите и најпознатите крајбрежни птици, и тоа е вид со кој другите обично се споредуваат.

Обичниот свиркач е долг 17-21 см, со 32-36 см распон на крилјата. Возрасните птици со перје во сезоната за парење имаат впечатлив црн стомак, што ниту една друга ваква птица го нема. Вон сезоната на парење перјето му е во основа сиво одозгора и бело одоздола. Младенчињата се кафеави одозгора со две белкави V форми на грбот. Обично имаат црни ознаки на слабините или стомакот и имаат силна бела линија на крилјата која се гледа кога летаат.

Нозете му се благо искривени, а клунот му е црн. Има многу подвидови кои главно се разликуваат според бојата на перјето во сезоната на парење и според должината на клунот. Почесто, клунот на женките е подолг.

Гнездење

уреди

Гнездото е многу плиткo обградено со вегетација. Во него обично несат 4 јајца кои ги квачат обата родитела. Пилињата почнуваат да летаат на околу три недели возраст. Поголемиот дел од грижата за леглото ја обезбедува мажјакот, додека женките често го напуштаат гнездото и му го оставаат потомството на мажјакот.

Повикот им е типично пиип, а додворувачката песна е грубо, силно вибрирање.

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

 
Calidris alpina alpina

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Calidris alpina. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  • McLaughlin K. A. & Wormington, A. (2000): An apparent Dunlin × White-rumped Sandpiper hybrid. Ontario Birds 18(1): 8-12.
  • Martin-Löf, P. (1961). „Mortality rate calculations on ringed birds with special reference to the Dunlin Calidris alpina“. Arkiv för Zoologi (Zoology files), Kungliga Svenska Vetenskapsakademien (The Royal Swedish Academy of Sciences) Serie 2. Band 13 (21).

Надворешни врски

уреди