Отвори го главното мени

Статистика Нов Зеланд

Статистика Нов Зеланд (анг. Statistics New Zealand, маор. Te Tari Tatau) е државен завод во Нов Зеланд задолжен за официјалната статистика во земјата, овластен со закон од 1975 г. Сѐ до 1994 г., заводот се водел под името Department of Statistics. Министерот за статистика на Нов Зеланд е Морис Вилијамсон.

Статистика Нов Зеланд
Statistics New Zealand<br\>Те Тари Татау
Statisticsnewzealand.png
Лого на Статистика Нов Зеланд
Податоци за органот
Надлежност Нов Зеланд
Седиште Statistics House, The Boulevard, Harbour Quays, Wellington
41°16′40″ ЈГШ; 174°47′04″ ИГД / 41.277742° ЈГШ; 174.784327° ИГД / -41.277742; 174.784327
Раководител Џеф Басканд
(Владин статистичар)
Мрежно место
http://www.stats.govt.nz/

ДолжностиУреди

Покрај општата управна улога, заводот извршува голем број на статистички програми меѓу кои и петтогодишен попис. Голем дел од добиената статистика е достапна бесплатно на нивното мрежно место. Покрај ова, заводот воспоставува статистички класификации и стандарди за Нов Зеланд, и врши постојани истражувања за и развој на релевантни статистички методи. Заводот исто така пружа техничка помош на земјите во развој од Тихоокеанскиот Обрач, со особена задршка Пацифичките островски земји. Статистика Нов Зеланд е задолжена за водство на развојот и промовирањето на сите владини статистики кои го сочинуваат официјалниот статистички систем на Нов Зеланд.

Владини статистичариУреди

Генералниот директор на Статистика Нов Зеланд се нарекува „Владин статистичар“ (Government Statistician).

Авторски праваУреди

Мрежното место на Статистика Нов Зеланд изјавува дека: „Податоците добиени од Статистика Нов Зеланд можат слободно да се користат, умножуваат и наведуваат, освен ако не е назначено поинаку. Во секој случај, Статистика Нов Зеланд мора да биде наведена како извор на податоците“.[2]

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. „Назначување на генералниот директор и владин статистичар на Статистика Нов Зеланд“, извештај за медиумите од комесарот на државните служби Марк Пребл, 21 мај 2007; пристапено на 10 јуни 2007. (англиски)
  2. англиски оригинал: Information obtained from Statistics New Zealand may be freely used, reproduced, or quoted unless otherwise specified. In all cases Statistics New Zealand must be acknowledged as the source.