Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху
Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху (маорски: Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu или Taumatawhakatangihangakoauauotamateapokaiwhenuakitanatahu) — рид со височина од 305 м, кој се наоѓа близу Порангахау, јужно од Ваипукурау во јужниот дел на регионот Хоков Залив, Нов Зеланд. Мештаните ова име често го скратуваат на само Таумата. Со 92 букви, ова е вториот најдолг географски поим на светот (според Гинисовата книга на рекорди) и со оваа верзија има влезено во истата.
Изговор, страница на Комисијата за маорски јазик |
Новозеландската база на топоними (во надлежност на LINZ), го има заведено името како „Taumatawhakatangihangakoauauotamateapokaiwhenuakitanatahu“.[1] Ова име се прочуено поради фактот што претставува најдолгиот топоним во англофонските земји.
На знакот стои истово име во верзијата: Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu, што отприлика би се превело: „Врвот на ридот, каде Таматеа, човекот со големите колена, кој се лизна, се искачи и голтна планини, [за да патува по земјата], познат како јадачот на земја, ѝ свиреше на носна флејта на неговата љубена“. Оваа верзија има „само“ 85 букви.
Поврзано
уреди- Ланваирпулгвингилгогерихверндробуландисилиогогогох - најдолгиот топоним во Велика Британија
Наводи
уреди- ↑ „Топоними: За Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху“. Новозеландска географска база на топоними. Земјишни информации Нов Зеланд. Посетено на 25 јануари 2009. (англиски)