Окленд (регион)
36°54′S 174°47′E / 36.900° ЈГШ; 174.783° ИГД
Регион Окленд | |
Земја: | Нов Зеланд |
Регион | |
---|---|
Име: | Оклендски совет |
Управник: | Лен Браун (градоначалник на Окленд) |
Население: | (June 2018) |
Површина: | 6059 км2 |
Мреж. место: | http://www.arc.govt.nz Архивирано на 9 февруари 2016 г. |
Населени места | |
Градови: | Окленд |
Помали места: | Орева, Хеленсвил, Воркворт, Велсфорд, Пукекохе, Ваиуку, Кливдон, Мараетаи, Муриваи, Пиха, Коутсвил, Кумеу, Друри |
Окленд (англиски: Auckland) е еден од 15-те региони во Нов Зеланд, кој го носи името по Окленд, голем град во неговото средиште. По адмиинстративните реформи и обединувањето на Окленд, регионалната надлежност ја има Оклендскиот совет.
Географија
уредиНа копно, регионот се простира од почетокот на заливот Каипара северно и преку јужните делови на Севернооклендскиот Полуостров, крај планинскиот венец Ваитакере и теснецот на Окленд, па сè до венецот Хунуа и низините јужно од заливот Манукау. Регионот завршува неколку километри од устието на реката Ваикато. Северно се граничи со Нортленд, а јужно со регионот Ваикато. Во регионот спаѓаат и островите на заливот Хаураки.
Површината му е помала од онаа на сите други унитарни единици освен Нелсон. Највисока точка е врвот на Малиот Препречен Остров со 722 метри.
Територијални води
уредиТихиот Океан и Тасмановото Море го сочинуваат крајбрежјето на регионот. Источниот брег се преклопува со водите на заливот Хаураки, кој е ракав на Тихиот Океан заштитен од голем број на помали и поголеми острови, а особено од Големиот Препречен Остров на североисток. Заливот Ваитемата, кој е ракав на заливот Хаураки ја сочинува главната лука на Окленд. Копненото крајбрежје е долго 1.613 км. Тука насекаде наоѓаме заливчиња и устија и полузатворените пристаништа Ваитемата, Манукау и Каипара.
Западно лежат две природни заливски пристаништа, Каипара и Манукау. И двете имаат опасни приоди и не се користат за бродови. Заливот Каипара (чија јужна половина е во регионот Окленд) е едно од најголемите природни пристаништа во светот, со површина од 530 км2. Манукау, кое се наоѓа на југозападниот дел од регионот, има мала лука во Онехунга, но и таа е исто така е тешко пристапна - особено заради предоминантниот југозападен ветер. На работ на пристаништето се наоѓа оклендскиот меѓународен аеродром Регионот има многу убави плажи, особено на тасманскиот брег јужно од Каипата. Некои од овие се плажите Муриваи и Пиха.
Вулканско подрачје
уредиОкленд лежи врз лавино подрачје во мирување. Регионот има 49 вулкани со разни старости, од кои најстариот се создал пред 150.000 години. Сите вулкани се релативно мали, некои од кои не се повисоки од 150 метри.
Последната ерупција се случила пред околу 600 години. Овој настан го создал островот Рангитото.
Население
уредиИ покрај малата површина, овој регион е во голема мера најнаселениот во Нов Зеланд, со население од 1.462.000 жители (јуни 2010) или 33,5%% од населението во земјата. Тој исто така се развива и расте најбрзо од сите региони, со пораст на населението за 240.000 во последните 10 години - пораст од 22% (според пописите од 1996, 2001 и 2006). Според пописот од 2001, во регионопт Окленд живее 26.3% од европејското население цо државата, 24.3% од вкупното маорско и 66.7% од вкупното тихоокеанско население, 63,7% од азијатското и 54,7% од „останатите“ етнички групи. Ова ја покажува етничката разноликост на регионот, особнено во споредба со остатокот од Нов Зеланд.
Во регионот се наоѓа градот Окленд, помали гратчиња, рурални области и островите на заливот Хаураки.
Управна улога
уредиРегионот го управува Оклендскиот совет, по укинувањето на Оклендскиот регионален совет заради административното обединување на Окленд (наречено „суперград“).
Статистика
уредиКритериум (2007-2008)[1] | во регионот Окленд | во Нов Зеланд | % во регионот Окленд |
---|---|---|---|
Население | 1.432.200 | 4.268.500 | 34 |
Површина (км2) | 5600 | 275.400 | 2 |
Увоз | 14,1 милиони | 79,2 милиони | 18 |
Извоз | 8,3 милиони | 73,4 милиони | 11 |
БДП ($) | 42.200 милиони | 155.400 милиони | 27 |
Патнички превоз (автобуски) | 43.165.200 | 92.777.200 | 47 |
Патнички превоз (железнички) | 6.794.100 | 18.346.600 | 37 |
Патнички превоз (траектски) | 4.374.600 | 4.695.000 | 93 |
Извозени километри | 12.200 милиони | 40.200 милиони | 30 |
Смртни случаи (превозен систем) | 81 | 366 | 15 |
Меѓуградски патишта, сите видови (km) | 335 | 10.906 | 3 |
Меѓуградски патишта, автопатишта (km) | 106 | 172 | 62 |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Окленд (регион)“ на Ризницата ? |
- Оклендски Регионален Совет Архивирано на 9 февруари 2016 г. (англиски)
- Вуланите на Окленд Архивирано на 15 октомври 2006 г. (англиски)
Наводи
уреди- ↑ Преглед на превозниот систем – Табела 1: Клучни статистики за регионот Окленд (јуни 2007-јули 2008) (Национална прогрма за патен превоз 2009–2012, Окленд, НЗТА, август 2009. проверено на 14 јануари 2010) (англиски)