Нортленд (англиски: Northland Region) е еден од 16-те новозеландски региони и е најсеверниот административен регион на Нов Зеланд. Главен град на регионот е Фангареи.

Нортлендски регионален совет
Northland Regional Council
Земја: Нов Зеланд
Регионален Совет
Име: Нортлендски Регионален Совет
Претседавач: Марк Фарнсворт
Население: 149,600
јуни 2006
Површина: 13,789 км²
Домородни Иви: Те Рарава, Нгапухи, Нгати Фатуа
Мрежно место: http://www.nrc.govt.nz
Населени места
Поголеми: Фангареи, Каитаија
Помали: Каео, Кавакава, Охаеваи, Даргавил, Расел, Паихија, Ваитанги, Мангонуи, Таипа, Донелиев Премин, Опонони, Руакака, Ваипу, Каивака, Велсфорд, Мангафаи, Руаваи, Маунгатурото, Папароа.
Составни територијални власти
Имиња: Далекусеверен округ, округ Каипара, округ Фангареи
Мрежни места: http://www.fndc.govt.nz, http://www.kaipara.govt.nz, http://www.wdc.govt.nz,
Пејзаж на заливот Паруа

Географија

уреди

Нортленд се наоѓа на најсеверниот (и затоа, најтоплиот) дел на Нов Зеланд. Ги зафаќа горните 80% од 285 км долгиот Севернооклендски Полуостров, чиј најјужен дел е регионот Окленд.

Почнувајќи од еден теснец близу Велсфорд, Нортленд се протега северно до врвот на Севернооклендскиот полуостров, покривајќи површина од 13,940 км², нешто над 5% од површината на Нов Зеланд. На запад се граничи со Тасмановото Море, а на исток со Тихиот Океан. Теренот е главно ритчест. Половина од земјата се исползува за земјоделство и шумарство, кои се двете главни локални стопански гранки.

Иако голем дел од каури шумите во овие краишта биле исечени во XIX век, во некои предели сѐ уште можат да се најдат џиновски примероци на ова дрво. Таму се наоѓа и најголемото дрво во Нов Зеланд, Тане Махута, во шумата Ваипоуа јужно од пристаништето Хокијанга.

На западниот брег на регионот преовладуваат неколку долги прави плажи, од кои најпозатата е неточно наречената Деведесет-милјска плажа која е всушност долга 88 км (околу 54 милји). Тука наоѓаме и два залива, масивниот Каипара јужно, и згрчените заливчиња на пристаништето Хокијанга.

Источниот брег е понерамен, со многу заливи и полуострови. Тука наоѓаме неколку големи природни пристаништа, од Паренгаренга близу северниот врв на земјата, крај Заливот на Островите, па долу до пристаништето на Фангареи, чии брегови се најнаселени во целиот регион. Покрај крајбрежје има многу острови, особено островите Кавалите, Кокошјиот и пилските Острови, Аорангаија и Бедновитешките Острови.

На најсеверниот дел од регионот се наоѓаат неколку ’рта: Марија ван Дименов ’Рт, заливот Спиритс, ’ртот Реинга и Северниот ’Рт. Најсеверната точка на Северниот остров се впрочем Сурвиловите Гребени, близу Северниот ’Рт, иако најсеверната точка на земјата во целина е островската група Кермадек. Меѓутоа ’ртот Реинга и заливот Спиритс играат симболичка улога на крај на земјата. Во маорската митологија, токму оттука душите на умрените поаѓаат по патот кон својот задгробен живот.

Клима

уреди

Географската местоположба на регионот резултира со топли влажни лета и благи зими. Највисоките летни температури се движат од 22 °C до 26 °C. Зиме, највисоките температури се движат од 14 °C до 17 °C. Во регионот практично не постои иње. Најтоплите месеци се јануари и февруари. Годишните врнежи обично достигнуваат 1500–2000 мм. Ветровите низ целата година доаѓаат главно од југозапад, иако регионот може да искуси бури како резултат на циклон кој изумира во центарот на Тихиот Океан.

Администрација

уреди

Седиштето на Регионалниот совет на Нортленд (Northland Regional Council) се наоѓа во Фангареи. Во рамките на регионот наоѓаме три територијални управи:

Население

уреди

Нортленд е најнеурбанизираниот регион во Нов Зеланд. Само 50% од населението кое брои 147,600 жители живее во градови и гратчиња. Од овие населени места, најголем е Фангареи со 45.000 жители. Седум други места имаат над 1000 жители: Каитаија, Даргавил, Каикохе, Паихија, Керикери, Таипа-Мангонуи и Кавакава. Населението главно се сконцентрирано на источниот брег на регионот. Во регионот се наоѓа населеното место со најбрз раст во земјата — Мангафаи — кое се шири со голема брзина.

Во текот на последните 20 години Нортленд, наспроти од националните и светските трендови, станува сѐ порурален крај. Околу една третина од населението се Маори, а останатите од европско потекло. Иако оние од европско потекло се главно предци на британски доселеници, друг главен европски етнос во регонот се далматинците (во и околу Даргавил).

Историја

уреди
 
Керикери, Залив на Островите.
Каменото складиште е лево, цркв. Св. Џемјс во позадина, а Кемповата куќа е десно.

Според една маорска легенда, Северниот новозеландски остров била една огромна риба, која ја имал фатено авантуристот Мауи. Затоа, Нортленд понекогаш се нарекува „Опашката на рибата“, Te Hiku o Te Ika.

Нортлендските иви велат дека Купе направил одрон кај Хокијанга (додека други тврдат кај Таипа) северозападно во Нортленд, и затоа регинот според тоа предание се смета за родното место на Нов Зеланд. Тука можат да се видат едни од настарите археолошки наоди на маорски рибарски села (каинга).

Маорите го сметаат местото за легендарното рондно место на земјата, а истото може да се нарече и почетно место на европската колонизација и државност. Меѓу првите доселеници тука биле трговците, китоловците и фоколовците, а смолата и дрвото на моќните каури довеле и многу повеќе колонизатори.

Гратчето Керикери на Заливот на Островите се смета за првото постојано населено место во Нов Зеланд, и содржи многу објекти од историска важност како Каменото складиште, најстариот преживеан објект во земјата.

Блиската населба Ваитанги е од уште поголемо значење, заради т.н. Договор од Ваитанги кој ги удрил темелите на новозеландската државност. Потписниците биле маорските племиња и Британската Круна, на 6 февруари 1840.

Стопанство

уреди

Стопанството во регионот се заснова на земјоделство, сточарство (говеда за месо), рибарство, шумарство и овоштарство. Овошки од најголемо значење се агрумиите, од кои се одгледуваат лимонот, портокалот и тамариљото. Регионот произведува и авокадо и кумара. Маслинките се одгледуваат на полуостровот Аупоури.

Во Нортленд се протегаат големи шуми. Затоа регионалното стопанство делумно се заснова и на производство на хартија.

Нортленд е омилено туристичко одредиште - особено Заливот на Островите и историското гратче Керикери. Нуркањето и рибарењето исто така се популарни, особено околу Заливот на Островите и Бедновитешката низа острови.

Во Нортленд се наоѓа единствената нафтена рафинерија во државата, кај Марсденовата точка, близу Фангареи. Природните резерви на гориво на Нов Зеланд во Таранаки задоволуваат околу половина од потребите на рафинеријата, додека остатакот доаѓа главно од Блискиот Исток. Блиската електрана Marsden A произведува струја од тешки масла од рафинеријата.

Надворешни врски

уреди