Св. Илија (Виничани)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Илија

Карта

Местоположба 41°35′53″N 21°54′01″E / 41.59806° СГШ; 21.90028° ИГД / 41.59806; 21.90028
Основни податоци
Место Виничани
Општина Градско
Тип

 населба  утврдена населба


Период бронзено време
римско време
Портал „Археологија“

Св. Илијаархеолошко наоѓалиште во велешкото село Виничани, Општина Градско. Претставува населба од бронзено време и утврдена населба од римско време.

На југоисточниот дел на селото, од десната страна на патот за Градско (А1), на височинка со зарамнето плато има остатоци од одбранбен бедем, а по површината, која зафаќа 2,5 - 3 ха, се среќаваат фрагменти од керамички садови од бронзеното време и многубројни фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал од римско време.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 63. ISBN 9989-649-28-6.