Јован Златоуст

византиски богослов, светец и цариградски патријарх
(Пренасочено од Св. Јован Златоуст)

Свети Јован Златоуст (347 — 407) — христијански светец, цариградски патријарх и црковен отец.

Свети Јован Златоуст
Цариградски патријарх
Свети Јован Златоуст
ЦркваЦариградска црква
Ракоположен398
Службата завршила404
ПретходникНектариј
НаследникАрзакиј
Лични податоци
Вероисповедправославие
ЗанимањеЦариградски патријарх

Животопис

уреди

Роден е во Антиохија, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја старогрчката филозофија, изразил голема одбивност кон грчкиот паганство и ја усвоил христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Бил покрстен од Антиохискиот патријарх Мелетиј, а потоа се покрстиле и неговите родители. По смртта на родителите се замонашил и почнал строго да се подвизува. Тогаш ја напишал книгата „За свештенството“

Прославен е заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, и бил избран по желба на царот Аркадиј за Цариградски патријарх. Со црквата управувал шест години, кои според патристиката, се одликувале со неспоредлива мудрост и ревност. Испратил незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотрел симонијата во црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја раширил милосрднатата дејност на црквата; напишал посебен чин на Светата Литургија (наречена Златоустова литургија) против кривоверците

Ја изобличил царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкувал со својот „златен ум и јазик“, на црквата ѝ оставил многу драгоцени книги со неговите беседи.

Прогонство

уреди
 
Прогонството на Св. Јован Златоуст. Илуминација од Менологијот на Василиј II од 11 век.

Народот го прославил, а имал и противници, па царицата двапати го испратила во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавиле апостолите Јован и Петар, а и маченикот Василиј (под 22 мај), во чијашто црква ја примил Светата Причест.

Се смета дека неговите последни зборови биле „Слава Му на Бога за сѐ!“. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди