Светлана Мојсов
Светлана Мојсов ― биохемичарка од македонска народност која работи како вонреден професор-истражувач на Универзитетот Рокфелер.[1] Се занимава со истражување на синтезата на пептиди. Таа го открила пептид-1 сличен на глукагон (GLP-1) и ја објаснила неговата улога во метаболизмот на глукозата и излачувањето на инсулин. Нејзиното откритие го искористила фармацевтската компанија Ново Нордиск за производство на лекови против дијабетес и дебелина.
Светлана Мојсов | |
---|---|
Роден(а) | 8 декември 1947 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Народност | Македонка |
Државјанство | Соединети Држави |
Образование | Физичка хемија, Природно-математички факултет, Белград, Југославија |
Алма матер | Универзитетот Рокфелер, Њујорк, Соединети Држави |
Познат(а) по | Откривање на семаглутидни лекови, Ozempic за дијабет и Wegovy за слабеење. |
Сопружник | Мишел К. Нусенцвајг |
Родители | Љиљана Мојсов и Лазар Мојсов |
Награди | 2023 VinFuture, Vietnam
2023 Nature’s 10 2024 Pearl Meister Greengard Prize 2024 Princess of Asturias Awards 2024 Tang Prize 2024 Lasker Award 2025 Warren Triennial Prize |
Ран живот и образование
уредиСветлана Мојсов е ќерка на Лазар Мојсов, дипломат и државник, претседавач на Генералното собрание на ООН од 1977 до 1978. Завршила студии по физичка хемија на Природно-математичкиот факултет во Белград. Се запишала на постдипломски студии на Универзитетот Рокфелер во 1972 година, каде што работела со Роберт Брус Мерифилд, добитник на Нобелова награда за хемија во 1984 за синтеза на пептиди.[2] Поточно, Мојсов се фокусирала на синтезата на глукагон, кој се ослободува во панкреасот. Во тоа време, се претпоставувало дека глукагонот може да помогне во лекувањето на дијабетес тип 2.
Истражување и кариера
уредиВо 1980-тите, Мојсов се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што станала шеф на одделот за синтеза на пептиди. Таа дошла во оваа болница набргу откако Џоел Хабенер клонирал проглукагон додека испитувал видови риби од Бостонското пристаниште. Мојсов работела на идентификација на GLP-1, хормон што се произведува во цревата и предизвикува ослободување на инсулин. Аминокиселинската низа на GLP е слична на онаа на гастричниот инхибиторен пептид, инкретин. Во обид да идентификува дали конкретниот фрагмент е инкретин, Мојсов произвела инкретин антитело и развила метод за следење на неговото присуство. Поконкретно, Мојсов успеала да утврди дека сегментот од 31 аминокиселина во GLP-1 е инкретин.[3] Заедно со Гордон Вир и Џоел Хабенер, Мојсов покажала дека малите количини на лабораториски синтетизиран GLP-1 може да доведе до лачење на инсулин.[4][5]
Во 1990-тите, Мојсов се вратила во Њујорк на Универзитетот Рокфелер во лабораторијата на Ралф М. Стајнман, добитник на Нобелова награда за медицина во 2011 за откривање на дендритични клетки. Во 1992 година, група во Општата болница во Масачусетс тестирала GLP-1 кај луѓе.[6] Ново Нордиск разви лекови за дијабетес (Ozempic) и дебелина (Wegovy) кои го имитираат дејството на GLP-1.[7] При тоа, дериватите на GLP синтетизирани од Мојсов биле патентирани како пептиди што може да доведат до ослободување на инсулин, но само Хабенер бил наведен како единствен автор. Мојсов покренала постапка и нејзиното име да биде вклучено во патентите. Општата болница во Масачусетс сепак се согласила да го додаде нејзиното име на четири патенти, но Мојсов добила една третина од хонорарите за лекот само за една година. Таа продолжила да се бори за признание откако нејзините соработници добиле бројни награди бидејќи новите верзии на GLP-1 беа одобрени за употреба кај луѓе и станаа попопуларни.[8][9][10]
Признанија и награди
уреди- 2023 VinFuture, Innovators With Outstanding Achievements In Emerging Fields - Јенс Јуул Холст, Џоел Францис Хабенер и Светлана Мојсов[11]
- 2023 Nature 10 највлијателни научници на годината[12]
- 2024 Pearl Meister Greengard Prize од Универзитетот Рокфелер[13]
- 2024 Time 100 највлијателни луѓе, иноватори[14]
- 2024 Princess of Asturias Awards, Technical and Scientific Research - Даниел Џ. Друкер, Џефри М. Фридман, Џоел Ф. Хабенер, Јенс Јуул Холст и Светлана Мојсов[15]
- 2024 Tang Prize, Biopharmaceutical Science - Џоел Ф. Хабенер, Светлана Мојсов и Јенс Јуул Холст[16]
- 2024: Lasker-DeBakey Clinical Medical Research Award - Џоел Хабенер, Светлана Мојсов и Лоте Бјере Кнудсен[17]
- 2025 Warren Triennial Prize - Џоел Хабенер, Даниел Џ. Друкер, Јенс Холст и Светлана Мојсов[18]
Личен живот
уредиЗа време на постдипломските студии, Мојсов го запознала нејзиниот сопруг Мишел К. Нусенцвајг, имунолог и молекуларен биолог.
Наводи
уреди- ↑ „Svetlana Mojsov“. Our Scientists (англиски). Посетено на 2024-01-11.
- ↑ Mojsov, S. (1992). „Structural requirements for biological activity of glucagon-like peptide-I“. International Journal of Peptide and Protein Research. 40 (3–4): 333–343. doi:10.1111/j.1399-3011.1992.tb00309.x. ISSN 0367-8377. PMID 1478791.
- ↑ Mojsov, S; Heinrich, G; Wilson, I B; Ravazzola, M; Orci, L; Habener, J F (September 1986). „Preproglucagon gene expression in pancreas and intestine diversifies at the level of post-translational processing“. Journal of Biological Chemistry. 261 (25): 11880–11889. doi:10.1016/s0021-9258(18)67324-7. ISSN 0021-9258. PMID 3528148.
- ↑ Mojsov, S; Weir, G C; Habener, J F (1987-02-01). „Insulinotropin: glucagon-like peptide I (7-37) co-encoded in the glucagon gene is a potent stimulator of insulin release in the perfused rat pancreas“. Journal of Clinical Investigation (англиски). 79 (2): 616–619. doi:10.1172/JCI112855. ISSN 0021-9738. PMC 424143. PMID 3543057.
- ↑ O’Rahilly, Stephen (2021-04-15). „The islet's bridesmaid becomes the bride: Proglucagon-derived peptides deliver transformative therapies“. Cell. 184 (8): 1945–1948. doi:10.1016/j.cell.2021.03.019. ISSN 0092-8674. PMID 33831374 Проверете ја вредноста
|pmid=
(help). - ↑ Nathan, David M; Schreiber, Eric; Fogel, Howard; Mojsov, Svetlana; Habener, Joel F (1992-02-01). „Insulinotropic Action of Glucagonlike Peptide-I-(7–37) in Diabetic and Nondiabetic Subjects“. Diabetes Care. 15 (2): 270–276. doi:10.2337/diacare.15.2.270. ISSN 0149-5992.
- ↑ „Svetlana Mojsov“. Our Scientists (англиски). Посетено на 2023-09-09.
- ↑ Molteni, Megan; Chen, Elaine (27 September 2023). „The Ozempic revolution is rooted in the work of Svetlana Mojsov, yet she's been edged out of the story“. STAT (англиски). Посетено на 2023-10-09.
- ↑ Dolgin, Elie (2023-12-13). „Weight-loss-drug pioneer: this biochemist finally gained recognition for her work“. Nature (англиски). 624 (7992): 506–506. doi:10.1038/d41586-023-03927-1.
- ↑ Couzin-Frankel, Jennifer (2023-09-22). „Sidelined“. Science (англиски). 381 (6664): 1274–1277. doi:10.1126/science.adk9204. ISSN 0036-8075.
- ↑ „Laureates“. VinFuture Prize (англиски). Посетено на 2024-06-21.
- ↑ „Nature's 10“. www.nature.com (англиски). Посетено на 2024-06-21.
- ↑ „Svetlana Mojsov named 2024 recipient of the Pearl Meister Greengard Prize“. https://www.rockefeller.edu/. Посетено на 21.6.24. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help); Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ Park, By Alice (2024-04-17). „Joel Habener, Svetlana Mojsov, and Dan Drucker: The 100 Most Influential People of 2024“. TIME (англиски). Посетено на 2024-06-21.
- ↑ IT, Developed with webControl CMS by Intermark. „Five world leaders in the field of Endocrinology, Princess of Asturias Award for Technical and Scientific Research - Other News - Area of Communication and Media“. The Princess of Asturias Foundation (англиски). Архивирано од изворникот на 2024-06-05. Посетено на 2024-06-21.
- ↑ „Tang Prize | Laureates“. www.tang-prize.org. Посетено на 2024-06-21.
- ↑ Admin, Lasker. „GLP-1-based therapy for obesity“. Lasker Foundation (англиски). Посетено на 2024-09-20.
- ↑ ecor.mgh.harvard.edu https://ecor.mgh.harvard.edu/MeetingsEvents/warren-triennial-prize/2025-Warren-Triennial-Prize. Посетено на 2024-06-21. Отсутно или празно
|title=
(help)