Григориј Чудотворец

Григориј Чудотворец (грчки: Γρηγόριος ὁ Θαυματουργός; ок.213ок.270) или Григориј Неокесариски — христијански богослов и епископ од III век, светец во православието и католицизмот. Се чествува на 17 ноември по стар стил (30 ноември по нов)

Григориј Чудотворец
Св. Геогриј Чудотворец на икона од XIV век
чудотворец
епископ и исповедник
Роден(а) ок. 213, Неокесарија, Понт, Мала Азија (денешен Никсар, Турција)
Починал(а) ок. 270, Понт
(денешна Анадолија, Турција)
Почитуван(а) во православие
католицизам
древноисточни цркви
Главно светилиште Калабрија
Слава 17 ноември ст. ст.
(30 ноември н. ст.)
Обележја епископ што истерува демони од храм; му дава епископска митра на св. Александар Јагленар
Заштитништво против земјотреси, очајни, напуштени и невозможни случаи, поплави[1]

Житие

уреди

Роден е околу 213 г. во богато паганско семејство во Неокесарија (денешен Никсар), тогашната престолнина на Понт во Мала Азија. Малку се знае за неговите дела како свештено лице, а опстанатите теолошки дела се нецелосни. Оваа оскудност го прави Григориј помалку таинствен поради големата титула „чудотворец“ и отсуството на сознанија за неговиот животот. Сепак, животите на разни епископи во III век се толку добро посведочени што неговиот живот и дело може да се реконструира прилично добро од кажувањата на други.[2]

Роден е со името Теодор. На возраст од 14 години бил воведен во христијанството, по смртта на татко му. Заедно со брат му Атенодор по совет на личен учител, стапиле во Правната школа во Бејрут, тогаш едно од петте славни академии на елинистичкиот свет. Во овој период неговиот зет бил назначен за правен советник на римскиот упревник на Палестина; браќата ја придружувале нивната сестра на патот до Цезарија во Палестина. Кога стасале во градот, тие дознале дека таму живеел Ориген, раководителот на Александриската богословска школа. Од љубопитност ги посетувале неговите предавања и разговарале со него.[2] Наскоро двајцата заборавиле на Бејрут и римското право, и му се оддале на овој учител кој ги убедил да станат христијани.

Во неговото пофално слово за Ориген, Григориј опишува дека Ориген ги преобраќал луѓето со убедителност и емотивни изблици на верска убеденост, а не со голо расудување. Григориј најпрвин почнал да изучува филозофија, а потоа и теологија. Секогаш бил наклонет кон филозофијата и сакал да докаже дека христијанската вера е единствената вистинска и добра филозофија. Се обучувал кај Ориген седум години (231 до 238 или 239), изострувајќи ја умствената и морална дисциплина.

Пред да замине од Палестина, Григориј јавно и во присуство на Ориген одржал проштален говор во кој му благодарел на учителот. Овој говор кажува многу за реториката во тоа време и постапувањето на христијаните кон нивните учители и начин на обука. Ориген во таа прилика ги поттикнал учениците да ги користат ризницата на Грците во служба на христијанската филозофија, како што Евреите ги користеле златните садови на Египќаните за да ја украсат Светињата на светињите.

Грибориј се вратил во Понт со намера да биде правник. Ова не се остварило бидејќи тој набргу бил назначен за епископ на родната Неокесарија од страна на Федим, епископ на Амасија и митрополит на Понт.[3] Овој факт добро го илустрира развојот на хиерархијата во првобитната црква; тамошната христијанска заедница се состоела само од седумнаесет лица, но сепак тие добиле епископ. Старите канонски документи наведуваат дека дури и заедници од десет луѓе можеле да добијат владика. Григориј бил ракоположен за владика на возраст од 40 години и управувал со епархијата тринаесет години.

Не се знае ништо со сигурност за неговите методи, но јасно е дека бил доста ревносен кога ќе се земе предвид дека почнал со седумнаесет христијани, а кога починал во Неокесарија останале само седумнаесет пагани.[2] Овој успех веројатно може да му се припише и на разните чуда што ги направил, поради што е наречен Чудотворец.

Историско сведоштво за житието

уреди

Изворите за животот, учењњето и делата на Григориј Чудотворец се подложни на критика. Покрај поединостите што ги дава самиот Григориј, има четири други извори на информации, изведени од усни преданија; разликите помеѓу нив го наметнуваат заклучукот дека не може сите да се преземени од еден пишан извор. Тие се:

Црпејќи од семејните преданија и сознанијата во соседството, раскажувањето на Григориј Ниски е поисториско отколку другите верзиии на животот на Григориј Чудотворец. До времето на Руфин (ок. 400) изворната приказна била побркана; сириското предание напати е збунително и противречно. Дури и житието на Григориј Ниски има легендарен елемент, иако фактите се добиени од неговата баба, св. Макрина Постарата, ученичка на самиот Григориј Чудотворец. Вели дека пред да стане владика, Григориј се повлекол од Неакесарија во самотност, каде се појавувалале Богородица и апостол Јован; понатаму преданието вели дека Јован му го издиктирал символот или формулата на христијанската вера, иако во градот постоел примерок од овој симбол напишан до самиот Јован кога била составувана биографијата. Самиот символ е важен за историјата на христијанската доктрина.[2]

Григориј Ниски опширно ги опишува чудата за кои епископот станал познат како Чудотворец. Јасно е дека неговото влијание мора да било значајно, а чудотворната моќ несомнена. Се очекува дека Григориј Чудотворец учествувал во Првиот антиохиски собор против Павле Самосатски;[2] веројатно учествувал и во вториот, одржан повторно против истиот кривоверен владика, имајќи на ум дека на соборот има потпис „Теодор“, кое е роденото име на Григориј.[2] За да привлече посетители на празниците посветени на мачениците, Григориј приредувал световни разоноди кои би им се допаднале на паганите, навикнати на верски церемонии на кои свеченостите биле придружени со задоволства и забава.

Дела

уреди

Пофално слово

уреди

„Пофално слово“ (Oratio Panegyrica) во чест на Ориген подробно ги опишува педагошките методи на учителот. Претставува првиот обид за автобиографија во христијанската книжевност. Ова младешко дело е полно жар и вистинска нареденост; покажува како Ориген влевал восхит кај неговите ученици, и неговото дожвотно влијание врз Григориј.

Во ова дело (xiii) Григориј ни кажува дека под туторство на Ориген прочитал многу филозофи од сите правци освен атеизмот. Од нив научил често да настојува на Божјето единство; неопходноста на овој пристап ја согледал до неговото долго искуство со пагани и недоучени христијани. Траги од ова настојување се среќаваат и во „Слово до Теопомп“ во врска со минливоста и неминливоста на Бог; по сè изгледа дека тоа е дело на Григориј, иако по општата устроеност потсетува на Методиј.

Ваква одлика е својствена и на изгубениот „Дијалог со Елијан“, за кој дознаваме преку Василиј Велики, кој често сведочи за правоверноста на Григориј (Ep. xxviii, 1, 2; cciv, 2; ccvii, 4) и го брани против савелијанците, кои се повикувале на него, особено споменатиот „Дијалог со Елијан“ (цитирајќи го „дека Отецот и Синот се две во ум, но едно во суштина“). Василиј одговара дека Григориј водел спор со паган, и ги користи зборовите „поборно, а не догматски“; во тој случај тој исправно натојувал на божественото единство. Додал дека мора да се даде образложение на зборовите „создаден, створен“ кога ќе се изречат за Синот, што се однесува на воплотениот Христос. Згора на сето тоа, тврди дека текстот бил изменет од друго лице.

Канонски посланија

уреди

„Канонски посланија“ (Ἐπιστολὴ κανονική)[4] е скапоцено дело за историчарите и канонистите како соказ за устројството на кесариската црква и другите цркви во Понт под влијането на Григориј во времето кога налетот на Готите ја влошил веќе неповолната состојба на христијание под државно угнетување. Дознаваме дека Григориј на примил епископската служба со голема совест и должност кон народот. Делото исто така дава одговор на прашањето зошто еден толку надарен мислител како Григориј нема оставено поголем број дела.

Изјаснување на верата

уреди

„Изјаснување на верата“ (Ἔκθεσις τῆς πίστεως) е своевиден теолошки документ во кој Григориј го обработува Тројството. Напишано е некаде помеѓу 260 и 270 г. Ова исповедање на верата е разработка на основите поставени од Ориген. Заклучкот не дава просто за сомнеж: „Така, во Тројството нема ништо создадено или починето, ни придодадено, како пред тоа да не било, а потоа произлезено; ниту пак Отецот некогаш бил без Синот, ни Синот без Духот, туку неминовно и неменливо вечно Тројство.“[5] Ваквата формула е забележителен напредок на Оригеновите теории: во неа јасно се гледа разликувањето на личностите на Тројството, нагласувајќи ја вечноста, рамноправноста, бесмртноста и совршенството не само на Отецот, туку и на Синот и на Светиот Дух.

Послание до Филагриј

уреди

„Послание до Филагриј“ е познато во неговата сириска верзија. Се занимава со едносуштественоста на Синот. Му се припишува и на Григориј Богослов (Ep. ccxliii; порано Orat. xiv); Тилемон и бенедиктинците го отфрлаат авторството бидејќи во посланието нема траги од аријанскиот спор. Дрезеке сепак ги посочува многубројните ставови и изрази во оваа расправа кои потсетуваат на делата на Григориј Богослов.

Други припишани дела

уреди

Некои ракописи на Григориј Чудотворец му го припишуваат делото „Прераскажување на Проповедникот“ (Μετάφρασις εις τον Εκκλησιαστήν του Σολομώντος); други му го припишуваат на Григориј Богослов; Јероним Стридонски (За знаменитите мажи, гл. 65, and Егз. на пропов., iv) смета дека авторот е Григориј Чудотворец.[6]

Се смета дека ја напишал и краткото „Слово за душата“ упатено кон извесен Тацијан, in favour of which may be cited the testimony of Никола Метонски (probably from Прокопиј Гаски).

Грчките, сириските и ерменските катени содржат одломки исправно припишани на Григориј.

Тропар

уреди

За св. Григориј Чудотворец се пее овој тропар:[7]

Ревнувајќи во молитвата, искупи чудесни дејствија и така стана истоименик на исправувањето, затоа моли се на Христа Бога, оче Григорие, да ги просветли нашите души за никогаш во смрт да не преминеме.


Наводи

уреди
  1. Gregory Thaumaturgus Архивирано на 5 јули 2007., Catholic-forum.com
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5   „St. Gregory of Neocaesarea“ . Catholic Encyclopedia. 7. New York: Robert Appleton Company. 1910.
  3. "Gregory Thaumaturgus", Christian History, 8 август 2008 г.“. Архивирано од изворникот на 2015-10-29. Посетено на 2023-07-09.
  4. Routh, Reliquiae Sacrae, III, 251–83
  5. Изложение веры, святитель Григорий Чудотворец, епископ Неокесарийский, Творения св. Григория Чудотворца и св. Мефодия, епископа и мученика, 1996
  6. A Metaphrase of the Book Of Ecclesiastes Архивирано на 19 август 2007.
  7. Житие: Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски — Православен календар на МПЦ

Надворешни врски

уреди