Света Петка (поранешно село)
поранешно село во Костурско, Егејска Македонија
Оваа статија се однесува на поранешно село. За денес постоечкото село во истата општина, погл. Света Петка (Костурско).
Света Петка — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.[1]
Света Петка | |
---|---|
Координати: 40°34.10′N 21°7.9′E / 40.56833° СГШ; 21.1317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Костур |
Општ. единица | Кастраки |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на Д’мбенска Планина, во денешниот атар на Д’мбени,[1] југозападно од самото село.[2]
Историја
уредиСвета Петка било мало село, напуштено на крајот од XVIII век во немирното време на судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт. Дел од неговите жители го основале Д’мбени.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 39. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“