Сашко Манасков (Велес, 1968Блаце, 20 октомври 2001) бил македонски бранител, полициски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 20 октомври 2001 година на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Блаце во несреќен случај.[1]

Сашко Манасков
1968 – 20.10.2001 (33 г.)
Роден во:Велес, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Блаце
Служба во:Македонија Македонија
Чин: Полициски резервист
Единици:СВР Велес
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
Одличја: Медал за храброст

Животопис

уреди

Живот, војната 2001 година и смрт

уреди

Сашко Манасков е роден во 1968 година во Велес. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил активен полицаец. На 20 октомври, во околу 22:15 часот загинува во тешка сообраќајна незгода.[2] Настанот се случил во моментот кога возачот на товарното возило „МАН“ сопственост на ДОО Гас Петрол - Колашин, што го управувал црногорскиот државјанин Миленко Миомановиќ, со возилото манерирал наназад. Тој без да забележи дека му се отворило десното крило од вратата, го удрил резервниот полицаец. Од ударот Сашко Манасков задобил тешки телесни повреди од кои починал на самото место. За сообраќајката била известена и полицијата која заедно со истражен судија и заменик на скопскиот Основен јавен обвинител извршиле увид. Телото на загинатиот било предадено на институтот за судска медицина на обдукција.

Погребан е на гробиштата во родното Велес. Сашко Манасков посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Наводи

уреди
  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
  2. „Камион усмрти резервен полицаец од Велес“. Вест. 23 октомври 2001.[мртва врска]
  3. „Посмртно, со медал за храброст, одликувани 32 загинати припадници на МВР“. webohrid.com. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2017-06-25.