СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје
Средното градежно гимназиско училиште „Здравко Цветковски“ — средно училиште во Скопје, Карпош[1].
„Здравко Цветковски“ | |
Место | |
Општина: | Карпош |
Место: | Скопје |
Адреса: | Бул. Партизански одреди бр.91 |
Основни информации | |
Директор: | Драгица Костадиновска |
Настава на: | македонски и албански |
Контактни информации | |
Портал | zdravkocvetkovski.edu.mk |
Основање и развој
уредиСГГУГС „Здравко Цветковски“ е формирано 1945 г. како прво македонско средно техничко училиште во Р Македонија. Во текот на годините следувале негови трансформации, формирање нови отсеци, нивно одвојување во посебни училишта, за конечно учебната 1962/63 г. да се одвои и почне да функционира како градежно-техничко училиште. Сите овие години училиштето се соочувало со проблеми за обезбедување простор за изведување наставата, сè до 1965 година, кога училиштето се сели во нова зграда каде опстојува и до ден-денес работи. Зградата има околу 10 000м² корисна површина со 45 училници и кабинети, работилници, лаборатории, канцелариска сала, сала за состаноци, две фискултурни сали, библиотека, читална, мали атлетски спортски терени, затворен простор за мал фудбал и убаво уреден двор. За да биде во чекор со времето училиштето секојдневно се опремува со нови технички помагала.
Училиштето го доживува својот процут во 80-те години, а потоа постепено се намалува интересот за школување во градежно-геодетската струка. Оттогаш па до денес, следат нови реорганизации и трансформации и во учебната 2002/2003 година училиштето започнува да работи како градежно-гимназиско средно училиште.
Насоки и струки
уредиВо СГГУГС „Здравко Цветковски“ се образоваат следните средношколски кадри:
- гимназиско образование;
четиригодишно стручно образование:
- архитектонски техничари;
- градежни техничари;
- геодетски техничари;
- техничар-дизајнер за внатрешна архитектура;
тригодишно стручно образование:
- монтери за сува градба,
- ѕидаро-фасадери
- армирачи.
Наставата, во стручните паралелки се изведува на македонски и албански јазик.
Покрај овие степени на образование во училиштето се организира и настава за дообука и специјализација на одредени наставни програми од областа на градежништвото и архитектурата. Во ова постсредно, специјалистичко образование ги има следните струки:
- ѕидар-специјалист;
- дрводелец–специјалист;
- армирач-специјалист;
- бетонирец-асфалтер-специјалист;
- градежен керамичар-специјалист;
- молеролакер-специјалист;
- хидроизолатер и процесен организатор;
- техничар специјалист за индустриско градење;
- градежен калкулант;
- спецјалист монтер на стаклени елементи.[2]
Во учебната 2012/2013 во СГГУГС „Здравко Цветковски“ ќе се образуваат 1179 средношколци во сите степени на образование. Воспитно-образовната дејност во училиштето ја изведуваат 114 наставника и 21 администартивно-технички и помошен персонал.
Соработки
уредиСГГУГС „Здравко Цветковски“, во текот на своето долгогодишно постоење, има развиено богата и плодна соработка со повеќе училишта од Македонија, Балканот и пошироко. За посебно одбележување се соработките со: „Средно градежно училиште“ од Сараево, Босна и Херцеговина, 5та Гимназија од Белград, Србија и гимназијата „Владимир Илич Ленин“ од Киев, Украина. Во рамките на Проектот за мир е воспоставена соработка со повеќе средни училишта од областа Пуглиа во Италија: природно-математичка гимназија од ˝О.Tedone˝ од Руво, класична гимназија “Gioia del colle”, гимназијата ˝Marconi˝ од Фогиа и од гимназијата ˝D.Cotugno˝ од Руво. СГГУГС „Здравко Цветковски“ е прв и единствен претставник и координатор на Проектот за мир во Македонија, а изминативе две години по сесрдното залагање и повеќегодишна работа ја добиваме Првата награда во Тревизо, Италија.
Проекти
уредиВо учебните 2011/12 и 2012/13 во училиштето се реализираат следните проекти:
- „Проект за мир“ - меѓународен проект со седиште во Тревизо, Италија. Учество од 2009 кога стануваме координатор за Македонија. 2011, 2012 - освојуваме прво место за активностите спроведени во нашата држава и училиште со промовирање мир и соживот. Основан од Министерството за образование на Италија, финасиран од спонзори кои ги обезбеди училиштето.Ефекти: Развивање на свеста за вистинските вредности, подобрување на соживотот, толеранцијата и подобро запознавање на мултикултурното општество;
- „Градење мостови“ во организација и финасирање на АИЕСЕК - две учебни години - 2009/10 и 2010/11. Вклучени 30-тина ученика со предавач од странство (на англиски јазик). Ефекти: Размена на искуства, културни и историски, запознавање на различностите - градење мост на спојување;
- „Мировно образование“ во организација на Детска амбасада Меѓаши и kurwe wustrou, вклучени сме од август 2011 и сè уште трае. Вклучени се околу 40 ученика во активностите; финасирано од невладините организации. Ефекти: кревање на свеста за мултикултура, прифаќање на различностите, соработка и сл.;
- „Училиште без насилство“- проект финансиран од Град Скопје и рализиран во учебна 2011/2012 година. Ефекти: подигнување на свеста за справување со насилството. Запознавање со сите видови насилство и оспособување за превенција против насилството во училиштето. Работа на повеќе работилници на теми: предрасуди, стереотипи и медијација во разрешување конфликти;
- Проект за мултиетничко образование организиран од МОН, а финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка 2012 година (проектот е во почетна фаза). Ефекти: интеграција на учениците од етнички чистите и мешани средини, запознавање на меѓусебната култура, традиција и обичаи, како и запознавање на јазикот на другата заедница; зајакнување на знаењето и вештините на наставниците од мешан етнички состав за интегрирано мултиетничко образование; јакнење на капацитетите на останатиот технички персонал и професионалци и активно вклучување на родителите и пошироката заедница во процесот на интегрирано образование;
- „Светското наследство во рацете на младите“ во организација на канцеларијата на УНЕСКО во Македонија. Финасиран од УНЕСКО. Учебна 2011/1012. Вклучени 30 ученика. Ефекти: Низ работилници - осознавање на културното светско наследство - природно и културно;
- „Медијација“ – организиран од FORUM ZDF, а финансиран од Mировен цивилен центар. Ефекти: обучените ученици медијатори придонесуваат за зголемување на степенот на превенција против насилството во и надвор од училиштето, намалување на насилството во училиштето и предрасудите и стереотипите помеѓу учениците;
- „Млад водачки камп“-организиран од FORUM ZDF, а финансиран од Mировен цивилен центар. Ефекти: Запознавање на ученици од различни етнички и социјални средини, запознавање со нивните култури, обичаи и размена на искуства подобрување на соживотот помеѓу учениците во училиштето и надвор од училиштето;
- „Превенција од сексуална злоупотреба и педофилија“- организиран од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст на град Скопје. Финансиран од Владата на Република Македонија.Ефекти: подигнување на свеста и самодовербата кај учениците за пријавување на сексуалната злоупотреба и педофилијата и оспособеност на наставниците и стручната служба за превенирање, препознавање и справување со сексуалната злоупотреба и педофилија во училиштето и дојава до надлежните институции;
- „Сексуална репродукција“- организиран и финансиран од невладина организација ХЕРА. Ефекти: Подигнување на свеста за улогата на сексуалната репродукција, планирање на семејството и заштита при полови односи;
- ИПА проект „Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени“ 2010-2012, финасиран од Европската унија. Ефекти: Оспособување на младите невработени лица за гипсер-монтер, намалување на невработеноста и задоволување на потребите на пазарот на трудот од областа на градежништвото.
- Твинг проект „Поддршка на модернизација на системот за образование и обука“, под инструментот за претпристапна помош ИПА компонента 4, мултигодишна оперативна програма „Развој на човечки ресурси“ 2007-2013. Организиран од Институтот за стручно образование Љубљана и Центарот за стручно образование и обука на Република Македонија. Проектот започна со реализација во октомври 2011 и ќе трае 20 месеци. Проектот се состои од две компоненти: Компонента 1: Подготовка на стандарди за стручни квалификации и реформа на наставните планови (и програми) за двегодишното и тригодишното образование. Компонента 2: Обука на обучувачи за стручно образование. Ефекти: Новите стандарди и програми овозможуваат обука на ученици според најновите методи и технологии за градење со што добиваме кадар кој е способен веднаш да се вклучи во градежното производство според најновите стандарди, методи и технологии;
- Твининг проект за обука за вештини барани на пазарот на трудот (обука за градежници), финасирана од Европската унија. Реализацијата е во тек. Ефекти: Оспособување на младите невработени лица за гипсер-монтер, намалување на невработеноста и задоволување на потребите на пазарот на трудот од областа на градежништвото;
- Проект „Животни вештини“ – организиран и финансиран од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование. Започна со реализација 2012 година. Ефекти: Полесно справување со различни ситуации од секојдневниот живот;
- Проект „Интеграција на еколошката едукација во образованието“, организиран од ОХО, а финасиран од Министерството за образование и наука. Ефекти: подигнување на еколошката свест кај младите луѓе;
- Проект за животна средина „Project Earth“- финансиран од Морис Стронг од Бразил. Ефекти: Подигнување на свеста за заштита на човековата околина, последиците од несоодветно однесување и постојани активности за заштита на околината во училиштето и надвор од училиштето;
- Проект: „Чисти училишта – здрава младина“, финансиран од граѓанска организација КАЛИСТО. Ефекти: Подигнување на свеста за заштита на човековата околина, последиците од несоодветно однесување и постојани активности за заштита на околината во училиштето и надвор од училиштето.
- Проект: „Модел училиште за меѓуетничка интеграција“[3]
Натпревари и награди
уредиОд самиот почетокот па до денес, СГГУГС „Здравко Цветковски“, како резултат на професионалниот однос кон воспитно-образовниот процес и развојот на спортскиот дух кај младите, има добиено бројни признанија. Позначајни меѓу нив се: повеќекратни шампиони во кошарка и фудбал на натпревари на ниво на град Скопје, како и во Р Македонија. Исто така, СГГУГС „Здравко Цветковски“ има добиено повеќе Плакети од кои позначајни се: Плакета за успешна соработка и придонес во развојот на факултетот – „Градежен факултет“, Скопје; Плакета за успешна соработка и придонес во развојот на ГИМ – Градежен институт „Македонија“, Скопје и Плакета за поддршка и учество во кампањата „И во Македонија се може“ од првиот приватен факултет ФОН.
2010
уредиВо 2010 година учениците учествуваа во бројни натпревари, но најзначајни се освоените:
- на Струмичкиот карневал освоена прва награда со маската „Мулен руж“;
- на Меѓународната изложба на применета уметност освоени прво и второ место;
- на Меѓународната изложба на детски цртежи освоено прво место;
- на Велигденскиот крос на кејот од Вардар, освоено второ место;
- на Гимназијадата - атлетика, женски, освоено второ место.[4]
2011
уреди- прва награда од Проектот за мир добиена во Тервизо, Италија;
- прва награда на Републичкиот натпревар по италијански јазик;
- прва награда на Републичкиот натпревар по македонски јазик за текстот на тема „Со книга и цвет низ целиот свет“;
- две први места на Меѓународната изложба по повод 13 Ноември, на тема: Слободна композиција;
- прво место на Хорските смотри;
- прво место на МАССУМ за веб- страница;
- второ место на Градското првенство во пинг-понг, женски;
- второ место на МАССУМ за реклама;
- второ место на МАССУМ за подготвен јавен говор на албански јазик;
- трето место на МАССУМ за постер;
- трето место на МАССУМ за интервју за работа на албански јазик;
- трето место на МАССУМ за рецитаторска творба и ораторство.[5]
2012
уреди- освојување на престижната 13 ноемвриска спортска награда;
- прва награда од Проектот за мир за активностите на училиштето, и втора награда за настапот во Падова, Италија со група ученици од нашето и другите училишта вклучени во проектот;
- прва награда за најубаво украсено училиште за новогодишните празници;
- на Градските смотри, хорот на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје освои прво место, а на Државните смотри - трето место;
- на Државниот натпревар по граѓанско образование освоивме второ место (а немаше прво);
- на меѓународниот натпревар во Банско „Утринска ѕвезда“ со нашата музичка точка освоивме второ место;
- прво место нна меѓународниот ликовен конкурс на тема флора и фауна;
- на МАССУМ бевме успешни освојувајќи во октомври: прво место за јавен говор и второ за интервју за работа на албански јазик; а во мај, прво место за интервју за работа на албански јазик, второ место за краток филм, трето место за најубаво уреден штанд и театарска претстава, петто место за јавен говор и краток филм, осмо место за реклама;
- на натпреварите – одбојка на песок организирано од Град Скопје, екипата од професори освои трето место.[3]
Познати личности кои учеле во ова училиште
уреди- Војдан Стојановски - македонски кошаркаркарски репрезентативец;
- Дамјан Стојановски - македонски кошаркаркарски репрезентативец;
- Владимир Тодоровиќ - поранешен градоначалник на Општина Центар;
- Андреј Жерновски - актуелен градоначалник на општина Центар;
- Гоце Тодоровски - глумец;
- Кире Печијаревски - глумец;
- Виолета Шапковска - глумец;
- Никола Ристановски - глумец;
- Митко Луковски - македонски кошаркарски репрезентативец;
- Цветанка Ласкова - исполнувач на забавни и народни песни;
- Велибор Џаровски - Џаро - менаџер (спорт и музика);
- Борко Ристовски - македонски ракометен репрезентативец;
Наводи
уреди- ↑ Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
- ↑ Годишна програма за работа на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје
- ↑ 3,0 3,1 Годишен извештај за работата на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје во учебната 2011/2012 година
- ↑ Годишен извештај за работата на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје во учебната 2009/2010 година
- ↑ Годишен извештај за работата на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје во учебната 2010/2011 година