Цветанка Ласкова (р. 24 февруари 1955, Кавадарци) — македонска поп-фолк пејачка на македонска музика.

Цветанка Ласкова
Роден(а)24 февруари 1955(1955-02-24)(69 г.)
Кавадарци, НР Македонија, ФНРЈ
Жанровимакедонска музика
ЗанимањаПејачка
Период на активност1973 - сè уште

Биографија

уреди

Ласкова, е родена во Кавадарци на 24 февруари 1955 година. Својата музичка кариера ја започнала во 1973 година, како пејачка на народна и забавна музика. Нејзини попознати песни се: „Дај ми надеж“, „Ти ми го зеде срцето“, „Минува младоста“, „Господ нека ти плати“ и други. Во 1976 година, со Јанко Узунов ја испеале „Момчето со мандолината“, кој станал голем хит. Таа има настапувано на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Цветници, Фолк Фест Роса, Филиграни и други.

Таа е истовремено и деловен човек, која почнала да се занимава во 1991 година. Со продукција се занимава од 1992 година.

Од 2011 година, е на чело на форумот на жени на СДСМ. Таа одреден период била и посебен советник за култура на премиерот Зоран Заев.

Надворешни врски

уреди