СУ „Јане Сандански“ - Струмица

„Јане Сандански“ — средно училиште во Струмица, Општина Струмица[1].

Јане Сандански

Место
Општина: Струмица
Место: Струмица
Адреса: „Моша Пијаде“ бр. 2
Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал www.jsandanski-strumica.edu.mk

Основање и развој

уреди

Во ноември 1944 година, со одлуката на АСНОМ било решено да се отворат гимназии во сите поголеми градови во Македонија, меѓу кои и Струмица. Таа одлука е реализирана на 5 февруари 1945 година. Во првите учебни години работата се одвивала во многу тешки услови. Гимназијата работела во зградата во која денес се наоѓа Заводот за заштита на спомениците и културата и Историскиот архив, а учениците морале сами да си обезбедат столови и клупи.

Со зголемувањето на бројот на ученици, Гимназијата започнала да работи во зградата во која денес се наоѓа ОУ „Маршал Тито“.

Објектот во кој денеска се наоѓа средното училиште во Струмица бил изграден во 1947 година. Во образовните рамики на училиштето, во почетокот имало само гимназиски паралелки, а во учебната 1955/1956 година за првпат во училиштето биле отворени паралелки за економска струка.

Средното општинско училиште „Јане Сандански“ се наоѓа на улица „Моша Пијаде“ бр. 2 во центарот на градот Струмица. Објектот се простира на вкупна површина во делот под згради 4020 m2. Училиштето располага со дворна површина од 11 196 m2. Освен тоа, , училиштето располага со отворени игралишта за одбојка, мал фудбал и кошарка, кои опфаќаат површина од 1282 m2[2].

 
СУ „Јане Сандански“ - Струмица
 
СУ „Јане Сандански“ - Струмица
 
СУ „Јане Сандански“ - Струмица

Учество на натпревари

уреди

Освоени награди

уреди

Младинска канцеларија

уреди

Младинската Канцеларија при СОУ “Јане Сандански” ги бележи своите почетоци во 2005 година и оттогаш па наваму крои голем број успеси и реализирани проекти. Во 2005 година училиштето беше одбрано меѓу малкуте средни училишта ширум Македонија, за да во него се отвори Младинската Канцеларија формирана од Агенцијата за млади и спорт. За таа цел беа обучени ученици кои го презедоа водството на Младинската Канцеларија заедно со професорката Цонева Зуле. Водечка улога имаат учениците од IV година кои воедно се и тим- водачи, но тука се и сите останати ученици кои се креативни желни за работа. На почетокот на годината се изготвува годишна програма за работа, која се следи во текот на учебната година. Првиот претседател на младинската канцеларија е Владимир Ристов(2008-2009) кој ги постави темелите за понатамошното работење. Ристов заедно со екипата на неколку тим-водачи од таа генерација поставија многу високи стандарди.

Познати личности кои учеле во ова училиште

уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште

уреди

Библиотека

уреди

Се состои од 26.040 книги - белетристика и 2.871 - списанија.Библиотеката при СОУ „Јане Сандански“ е опремена и со стручна литература за потребите на учениците и наставничкиот персонал.

Кодекс на однесување

уреди

Кодекс на однесување на ученикот:

  • Воспитувањето и образованието да му претставува највисок императив во неговото однесување.
  • Да ја чува честа и благородната традиција на ликот на ученикот.
  • Постојано да се ангажира во постигнувањето на резултатите во наставата.
  • Да ги почитува законските одредби и одлуките на училиштето.
  • Да внимава на начинот на комуникација со наставниците и учениците.
  • Да не користи мобилен телефон за време на настава и да ги чува компјутерите.
  • Да не пуши во просториите на училиштето и училишниот двор.
  • Задолжително да носи работна облека.

Проектни активности

уреди

Проектните активности се дополнителен ангажман со кои секој ученик кој учи во Јане Сандански се здобива.Постојат повеќе проектни активност и секој ученик има за право да одбере две кои ќе бидат реализирани во текот на учебната година. Ученикот е обврзан да ги следи часовите кој се одржувани од професорот и да биде присутен на состаноците со истиот.Професорот пак има за цел да му помогне на ученикот со совладувањето на материјата која е зададена за оваа проектна активност. За крај,ученикот мора да изготви проект на зададена тема од професорот кој ќе биде предаден и оценет од страна на професорот. Ако ученикот не изготви и предаде проект до крајот на учебната година,истиот нема да може да го добие своето свидетелство.

Список на проектни активности:

уреди
  • За гимназиско образование:
    • Самозаштита и спасување
    • Мир,толеранција и заштита
    • Урбана култура
    • Хор
    • Оркестар
    • Љубители на музиката
    • Литературен клуб
    • Драмска секција
    • Новинарски клуб
    • Физика
    • Хемија
    • Биологија
    • Географија
    • Информатика
    • Фитнес
    • Аеробик
    • Пинг понг
  • За Економско образование:
    • Претприемништво и бизнис
    • Подготовка за вработување и работа
    • Мир,толеранција и заштита
    • Култура на здраво живеење

Наводи

уреди
  1. Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
  2. „www.jsandanski.schools.edu.mk“. Архивирано од изворникот на 2010-05-20. Посетено на 2010-12-07.

Надворешни врски

уреди