Рутенско Војводство
Рутенско Војводство или Руско Војводство (латински: Palatinatus russiae; полски: Województwo ruskie; украински: Руське воєводство) ― војводство на Круната на Кралството Полска до 1434 година се до Првата поделба на Полска во 1772 година.[1] Главен град на војводството бил градот Лавов (украински: Львів; полски: Lwów). Заедно со голем број други војвода од јужниот и источниот дел на Кралството Полска, ја створиле покраината Мала Полска, со главен град Краков. По поделбата на Полска, поголемиот дел од Рутенското Војводство, освен неговиот североисточен агол, бил припоен од Хабсбуршката Монархија, како дел од провинцијата односно Кралството Галиција. Денес, територијата на поранешното Рутенско Војводство е поделено меѓу Полска и Украина.
Рутенско Војводство Województwo ruskie (полски) Palatinatus Russiae (латински) Руське воєводство (украински) | ||||||
Војводство на Круната на Кралството Полска¹ | ||||||
| ||||||
| ||||||
Рутенското Војводство во 1635 година во рамките на Полско-литванската Државна Заедница | ||||||
Главен град | Лавов | |||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1434 | ||||
- | Прва поделба на Полска | 1772 | ||||
Површина | ||||||
- | 1770 | 55.200 км2 | ||||
Население | ||||||
- | 1770 | 1.495.000 жит. | ||||
Густина | 27,1 жит/км2 | |||||
Управни единици | Пет земји (административни едници) поделени на 13 окрузи | |||||
¹ Војводство на Кралството Полска. Кралството било дел од Полско-литванската Државна Заедница од 1569 година. |
Историја
уредиПо Галицисковолинските војни, Кралството Рутенија било поделено помеѓу Полска и Литванија. Во 1349 година полскиот дел бил преобразен во рутенски домен на Круната, додека Војводството Волинија го држел кнезот Лубарт. Со смртта на Казимир III Велики, Кралството Полска било предадено на Кралството Унгарија, а рутенскиот домен бил управуван од рутенските старешини (т.н. старост), од кои, еден од нив бил Владислав Ополски.
Војводството било создадено во 1434 година врз основа на једлненско-краковската привилегија од 1430 година (полски: Przywilej jedlneńsko-krakowski) на територијата што му припаѓала на Кралството Галиција-Волинија. Помеѓу 1349 и 1434 година, територијата заедно со Западното Подолие била позната како рутенски домен на Круната и на таков начин кралот на Полска бил наречен Господар на рутенските земји.[2] Западно Подолие било додаден на доменот во 1394 година.[2] Во 1434 година на територијата на доменот биле создадени Рутенското и Подолското Војводство.
Во полски извори, западните области на регионот биле нарекувани Червјенска земја (Ziemia czerwieńska), од името на Червен, град што постоел таму. Денес има неколку градови со ова име, ниту еден од нив не е поврзан со Црвена Рутенија.[3]
Оваа област за прв пат била спомната во 981 година, кога Владимир Велики од Киевска Русија ја презел на патот кон Полска. Во 1018 година, таа територијал била приклучена кон Полска и 1031 година назад кон Киевска Русија. Приближно 150 години постоело како независно Галициско Кнежевство и Галициско-волинско Кнежевство (познато и како Кралство Русија), пред да биде освоено од Казимир III Полски во 1349 година. Оттогаш, името Рус Червона (Ruś Czerwona) е забележано, преведено како „Црвена Рутенија“ (или „Czerwień“ значи црвен, или од полското село Чермно), се применува на територијата проширена до реката Днестар, со приоритет постепено префрлен на Пшемишл. Уште од времето на Владислав II Јагело, Пшемишлското војводство било наречено Рутенско/Руско Војводство ( województwo ruskie), со неговото средиште на крајот префрлен во Лвов. Се состоело од пет земји: Лавов, Санок, Галич, Пшемишл и Хелм. Територијата била контролирана од Австриската Империја од 1772 до 1918 година, кога била позната како Кралство Галиција и Лодомерија.
Зигмунт Глогер, во својата монументална книга Историска географија на земјите на Стара Полска, го дава овој опис на Рутенското Војводство:
Во 10-тиот и 11-тиот век, Пшемисл и Червин биле најголемите гордови [оградени населби, градови] во овој регион. Подоцна, Халич се појавил како главен град на покраината, додека градот Лавов е основан дури во 1250 година. Во околу. 1349 година, полскиот крал Казимир III ја презел контролата над Халичкото [Галициското] Кнежество. Покраината била управувана од кралски старости (старешини), од кои првиот бил човек по име Јасјек Тарновски. Најверојатно во последните години од владеењето на кралот Владислав II Јагело, било наречено Рутенско Војводство, бидејќи во тоа време војводите на Пшемисл почнале да се нарекуваат себеси војводи на Русија. Прв таков војвода бил Јан Мезик од Даброва.
Рутенското Војводство се состоело од пет земји [стари полски административни единици]: оние на Лавов, Пшемисл, Санок, Халич и Хелм. Двете последни имаа свои месни власти; Понатаму, Хелмска Земја била целосно одделена од другите рутенски земји од страна на Белското Војводство. Затоа, треба да зборуваме одделно за четири рутенски земји и за Хелмската Земја, чија историја била многу поинаква по Поделбите на Полска (...) Земјите на Лавов, Пшемишл и Санок имале свои сејмици (собранија), кои биле одржувани во нивните соодветни престолнини. Општите сејмици за овие три земји биле во Садова Вишнија, каде што биле избирани седум пратеници во полскиот Сејм [врховното Собрание]: по двајца од секоја земја и по еден од Зидачовскиот Округ. Старостите престојувале во Лавов, Жидачив, Пшемисл и Санок. Војводството имало шест сенатори: архиепископот на Лавов, епископот од Пшемисл, војводата на Рутенија, кастеланот на Лавов и кастеланите од Пшемисл и Санок (...) Градот Лавов бил седиште на посебниот малополски трибунал за војводствата на Рутенија, Кијов, Волхинија, Подолија, Белз, Брацлав и Чернихов (...) Зидачовскиот Округ (powiat, повјат), иако службено дел од Лавовската Земја, често бил сметан за посебна земја, со свој грб, стекната во 1676 година. Во тие години, Лавовската Земја имала 618 села и 42 града, додека Зидачовскиот Округ имал 170 села и 9 градови.
Пшемишлската Земја била поделена на два окрузи: Пшемишл и Пшеворск. Во 1676 година, Пшемишлскиот Округ имала 657 села и 18 градови, додека Пржеворскиот Округ имал 221 село и 18 градови (...) Саночката Земја, која се наоѓала во Карпатите, не била поделена на окрузи. Во 1676 година имало 371 село и 12 градови (...)
Халичката Земја, со своја посебна месна власт, била поделена на окрузите Трембовла, Халич и Коломија. Имала свој сејмик во Халич, каде што биле избирани шест пратеници во полскиот Сејм (по двајца од секој округ), исто така, по еден заменик на Кралскиот трибунал и еден во Трибуналот за финансии во Радом. Халичката Земја имала еден сенатор и староста (старешина), кој живеел во Халич, Трембовла, Коломија, Тлумач, Рохатин, Јаблонов, Сњатин, Краснопол и други места. Во 1676 година имало 565 села и 38 градови.
Хелмската Земја била енклава, одвоена од Рутенското Војводство со Белското Војводство. Реката Буг ја поделила оваа земја на два дела, а од 10 век, Хелм бил оспоруван од Полска и Русија. Со текот на времето во судирот биле вклучени и Литванците. Тоа било завршено во 1377 година, кога кралот Лајош ја припоил Хелмската Земја. Хелмската Земја имала свои месни канцеларии и сејмици, каде биле избирани двајца заменици на Сејмот и еден заменик на малополскиот Трибунал. Била поделена на Хелмскиот и Красништавскиот Округ, а староста живеела во Хелм, Красништав, Ратно, Лубомл, Хрубјешов и други места. Хелмската Земја имала двајца сенатори: епископот на Хелм и кастеланот на Хелм. Во 1676 година, имало 427 села и 23 градови во двата окрузи (...) Јужниот дел од Хелмската Земја припаѓал на огромната ординација [обвластувачи за продавање имот] на семејството Замојски, која се протегала надвор од регионот, во Урзедовскиот Округ во Лублинското Војводство.
Општинска власт
уредиСедиште на војводата (управникот) на Војводството:
Регионален општ Сејмик (собрание) за сите рутенски земји
- Седова Визнија
Седишта на месните сејмици:
Административни единици
уреди
- Хелмска Земја (Ziemia Chełmska), Хелм
- Халичка Земја (Ziemia Halicka), Халич
- Халички Округ, (Powiat Halicki), Халич
- Коломиски Округ, (Powiat Kołomyjski), Коломија
- Трембовелски Округ, (Powiat Trembowelski), Трембовла (подоцна префрлен во Подолското Војводство)
- Лавовска Земја (Ziemia Lwowska), Лавов
- Лавовски Округ, (Powiat Lwowski), Лавов
- Жидачивски Округ, (Powiat Żydaczowski), Жидачов
- Пшемишлска Земја (Ziemia Przemyska), Пшемишл
- Пшемишлски Округ (Powiat Przemyski), Пшемишл
- Самборски Округ, (Powiat Samborski), Самбор
- Дрохобички Округ, (Powiat Drohobycki), Дрохобиц
- Стриски Округ, (Powiat Stryjski), Стриј
- Саночка Земја (Ziemia Sanocka),[4] Санок
- Саночки Округ (Powiat Sanocki), Санок
Војводи
уреди- Станислав Ходецки де Хотча, (од 1466-1474)
- Јакуб Бучацки – од 1501 г
- Станислав Кмита де Висњич, (од 1500 -)
- Јан Одроваж, (од 1510 -)
- Јан Тарновски (од 2 април 1527 година)
- Станислав Одроваж (од 1542 година)
- Пјотр Фирлеј (1545–1553)
- Хиероним Јарош Сјенјавски (од 1576 година)
- Јан Данилович де Олеско, (од 1605 година)
- Станислав Лубомирски, (1628-1638)
- Јакуб Собјески (од јуни 1641 г.)
- Јереми Михал Виснјовјецки (од април 1646 до 1651 година)
- Стефан Чарнјецки (од 1651 година)
- Станислав Јан Јаблоновски (од 1664 година)
- Јан Станислав Јаблоновски, (1697-1731)
- Август Александер Чарториски (од 1731 година)
- Станислав Шчесни Потоцки (од 1782 година)
Соседни војводства и региони
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Geografia historyczna ziem dawnej Polski. Архивирано на 23 мај 2008. by Zygmunt Gloger 1903. [in] Biblioteka Literatury Polskiej. Uniwersytet Gdański. Instytut Filologii Polskiej. 2003
- ↑ 2,0 2,1 Mykhailovskyi, V.M. (РУСЬКИЙ ДОМЕН КОРОЛЯ). Encyclopedia of History of Ukraine.
- ↑ Geographical Dictionary of the Kingdom of Poland and other Slavic Lands Słownik geograficzny Królestwa Polskiego i innych krajów słowiańskich. tom. XV, pages 561–562. Warszawa. 1876. (digital edition)
- ↑ Adam Fastnacht. Slownik Historyczno-Geograficzny Ziemi Sanockiej w Średniowieczu (Historic-Geographic Dictionary of the Sanok District in the Middle Ages), Kraków, 2002, ISBN 83-88385-14-3.
Општи извори
уреди- „Monumenta Poloniae Historica“ (дигитална копија)
- Akta grodzkie i ziemskie z archiwum ziemskiego. Lauda sejmikowe Том XXIII, XXIV, XXV. (дигитално издание)
- Słownik geograficzny Królestwa Polskiego (дигитално издание)
- Средноевропска суперсила, Хенрик Литвин, BUM Magazine, октомври 2016 година.
- Lustracja województwa ruskiego, podolskiego i bełskiego, 1564–1565 Варшава, (I) издание 2001 година, стр. 289. ISBN 83-7181-193-4
- Lustracje dóbr królewskich XVI-XVIII wieku. Lustracja województwa ruskiego 1661–1665. Część III ziemie halicka i chełmska. Polska Akademia Nauk – Instytut Historii. 1976 година
- Lustracje województw ruskiego, podolskiego i bełskiego 1564–1565, wyd. K. Chłapowski, H. Żytkowicz, cz. 1, Варшава – Лоѓ 1992 година
- Lustracje województwa ruskiego 1661–1665, wyd. E. i K. Artanowscy, cz. 3, Ziemia halicka i chełmska, Варшава 1976 година
- Lustracja województwa ruskiego 1661–1665, cz. 1: Ziemia przemyska i sanocka, wyd. К. Арламовски и в. Капут, Вроцлав-Варшава-Краков. 1970 година