Ропотовска парохија
парохија на МПЦ-ОА
(Пренасочено од Ропотовската парохија)
Ропотовска парохија — македонска православна парохија, дел од Прилепското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Парохијата е со седиште во црквата „Св. Троица“ во прилепското село Ропотово. Парохиски свештеник е ереј Благоја Трајкоски.[1]
Во составот на ова парохија се селата: Ропотово, Лажани, Кутлешево, Сарандиново, Дебреште, Кошино, Крапа, Бело Поле, Вранче, Средорек, Новоселани и Заполжани.
Цркви и манастири
уредиОва е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да не е целосен:
име | населено место | изградена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Св. Троица“ (главна парохиска црква) |
Ропотово | 1859 | |
Црква „Св. Атанасиј“ (манастирска црква) |
Ропотово | 10 октомври 2016 | |
Параклис „Св. Архангел Михаил“ | Ропотово | 17 јуни 2008 | |
Црква „Св. Никола“ | Лажани | 1989 | |
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Дебреште | 1932 | |
Црква „Св. Никола“ | Кошино | ||
Црква „Св. Атанасиј“ | Кошино | ||
Црква „Св. Димитриј“ | Кошино | ||
Црква „Св. Никола“ | Крапа | ||
Параклис „Св. Недела“ | Крапа | ||
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ | Крапа | 1960 | |
Црква „Св. Никола“ | Бело Поле | 1874 | Податотека:Црква „Св. Никола“ - Бело Поле 4.jpg |
Црква „Св. Јован Крстител“ (манастирска црква) |
Бело Поле | 15 декември 2013 | |
Црква „Св. Никола“ | Вранче | 1874 | |
Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ | Средорек | XIX век | |
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Новоселани | 1837 | |
Црква „Св. Атанасиј“ | Заполжани |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ропотовска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 5 февруари 2020.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди41°27′06.3″N 21°22′24.2″E / 41.451750° СГШ; 21.373389° ИГД