Родни Клифтон
Родни Џејмс Клифтон (англиски: Rodney James Clifton, р. 10. јули 1937 година во Орчард, Небраска, САД) е американски градежен инженер.[1] Тој се занимава со истражување на како бранови патуваат низ еластично-пластични материјали и нивните брзини на изобличување.[2] Во текот на својата кариера, Клифтон предаваше на бројни универзитети. Тој повеќепати ја извршуваше улогата на декан на Школата за инженерство на Брауновиот универзитет.[3]
Клифтон дипломираше на Небраскискиот универзитет во Линколн во 1959 година. Тој магистрираше и докторираше на Карнегиевиот техонолошки институт. По докторатот се приклучува кон префесоријатот на Брауновиот универзитет каде сè уште предава. Во текот на својата кариера, во склоп на научни размени предавал и на Стенфордовиот универзитет и Калифорнискиот технолошки институт, а советувал и бројни национални лаборатории и приватни компании.[4] Клифтон е член на Националната академија за инженерство на САД[2] и на Американската академија на уметностите и науките.[5] Тој има добиено бројни награди и признанија за неговата научна дејност.[3]
Од декември 1958 година, венчан е со Меркади Бонд со која има три сина и една ќерка.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Espinosa, H. D.; Ramesh, K. T.; Ravichandran, G. (2009-04-01). „Rodney James Clifton“. Experimental Mechanics (англиски). 49 (2): 165–168. doi:10.1007/s11340-009-9237-6. ISSN 1741-2765.
- ↑ 2,0 2,1 „Dr. Rodney J. Clifton“. NAE Website. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ 3,0 3,1 „Rodney J. Clifton“. www.sigmaxi.org. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ Yumpu.com. „CURRICULUM VITAE January 2010 1. Rodney J. Clifton Professor ...“. yumpu.com (англиски). Посетено на 2020-04-20.
- ↑ „Rodney J. Clifton“. American Academy of Arts & Sciences (англиски). Посетено на 2020-04-20.