Рибница (Молдавија)

Рибница (романски: Rîbnița, Râbnița, украински: Рибниця, руски: Рыбница, полски: Rybnica) — град во Молдавија, но се наоѓа во самопрогласената непризната република Приднестровие. Според пописот од 2004 во Приднестровие, градот имал население од 53,648 жители. Рибница се наоѓа во северниот дел на Приднестровие на бреговите на реката Днестар.

Рибница
Rîbnița
Поглед кон Рибница
Поглед кон Рибница
Координати: 47°46′N 29°0′E / 47.767° СГШ; 29.000° ИГД / 47.767; 29.000
ДржаваМолдавија
Автономен регионПриднестровие
Основан1628
Управа
 • ГрадоначалникЈуриј Михајлович Платонов
Население (2004)
 • Вкупно56,988
Час. појасEET (UTC+2)

Население

уреди

Во 1970, Рибница имала население од 32,400 жители, во 1989 имала население од 61,352 жители. Според пописот од 2004 во Приднестровие, градот имал население од 53,648 жители,[1] од кои 11,263 Молдавци (Романци), 24,898 Украинци, 11,738 Руси, 480 Полјаци, 328 Белоруси, 220 Бугари, 166 Евреи, 106 Германци, 96 Гагаузи, 71 Ерменци, 38 Роми и 4245 други.

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди
  1. „pridnestrovie.net“. Архивирано од изворникот на 2010-07-26. Посетено на 2011-10-23.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди