Републички пат III-1972

пат во Пиринска Македонија

Републички пат IIІ-1972 (бугарски: Републикански път IIІ-1972) — третокласен пат од републичката патна мрежа на Бугарија кој се протега на територијата на Пиринска Македонија. Има должина од 33,7 км.

Републички пат III-1972
Републикански път III-1972
Информации за правецот
Должина:33,7 км
Поважни клучки
Од:7 км од III-197, с. Дабница
До:27,8 км од III-197
Патна мрежа
Сообраќај во Бугарија

Патот се двои надесно на 7. км од патот III-197 во јужниот дел на с. Дабница и се упатува на југоисток по краевите на Неврокопската Котлина. Минува низ селата Фустане (Хвостјане) и Блатска, каде свртува на исток и навлегува во планинската историско-географска област Чеч. Тука проаѓа низ с. Абланица, се спушта во длабоката долина на реката Чечка Бистрица (лева притока на р. Места), кај с. Боголин повторно го искачува следниот планински срт и стасува до с. В’лкосел. Тука патот свртува на север, следејќи ја вододелницата меѓу Чечка Бистрица и Кочанска Река (десна притока на р. Доспат), минува низ с. Фргово и на 1,7 км источно од с. Сатовча повторно се поврзува со III-197 на неговиот 27,8. км.

Републички пат ІII-1972
Патишта што со излези надесно
(населено место, бр. на патот, правец)
Км Патишта што се излези налево
(населено место, бр. на патот, правец)
Општина Грмен, III-197, 7 км, с. Дабница 0,0 → с. Дабница, 7 км, III-197, Општина Грмен
с. Фустане (Хвостјане) с. Фустане (Хвостјане)
Општина Хаџидимово 3,8 Општина Хаџидимово
(од 96,5 км на II-19) III-1907, 7,9 км, с. Блатска 5,0 с. Блатска
с. Абланица 13  с. Абланица
Општина Сатовча 15  Општина Сатовча
с. Боголин 16,2 с. Боголин
(за с. Слаштен) общински път, с. В’лкосел 22,7 с. В’лкосел
с. Фргово 28,7 с. Фргово
(до Девин) III-197, 27,8 км ← 33,7 ← 27,8 км, III-197 (од Неврокоп / Г. Делчев)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди