Рене Диге-Труен

француски пират

Рене Труен, Сјер ди Ге или попознат како Рене Диге-Труен (10 јуни 1673 во Сен Мало - 1736) бил познат француски корсер од Сен Мало. Тој имал одлична гусарска и морнарска кариера, а најверојатно станал адмирал. Тој исто така бил и командант во редот на Сен Мало.

Рана кариера

уреди

Рене Труен бил член на рибарско семејство од пристаништето Сен Мало во коешто уште одамна имало многу гусари.

На морнарицата тој и се придружил на 16 декември 1690 година којашто била предводена од капетан Лего. Во морнарицата, тој се покажал како многу паметен и способен морнар, а за тоа дознал и кралот.

На 6 јуни 1692 година, кралот му ја доверил командата на бродот Хермина којшто бил вооружен со 40 топови, а со него Рене Труен за кратката пловидба по каналот успеал да освои дури 5 брода.

 
Рене Диге-Труен зборува со Луј XIV за својата корисност.

Благороднички статус

уреди

Во 1694, кралот Луј XIV го наградил Рене Труен со мечот на почеста. Во 1709 година, тој го прогласил Рене Труен за благородник со мотото Dedit haec insignia virtus („Умот се наградува со овие почести“). За тоа време, Рене Труен освоил 16 воени бродови и покорил околу 300 трговци од Англија и Холандија.

На 12 април 1694, Рене Труен со бродот Дилигент се одвоил од конвојот што го предводел, но бил поразен од флотата на адмирал Дејвид Мичел којашто содржела 6 брода. Голем број од морнарите на бродот Дилигент загинале, а Рене Труен бил заробен и однесен во Плимут.

Откако англиските адмирали дознале дека Труен го нападнал бродот Принцот од портокаловите поради веењето на англиското знаме, тие решиле да го заклучат во соба со железни ѕидови. На 19 јуни 1694 година, тој феноменално избегал од затвор по што куоил мало бротче од еден пријателски расположен шведски морепловец чијшто брод бил во близина. Со Труен заедно биле и Лутенант Никола Томас, хирургот Лемит, Пјер Легендр и четвртарот. Тој пловел до Британија од каде што се вратил во Сен Мало.

Во 1697 година, примирјето од Рајсвик претставувало застој за гусарите, па Рене Диге-Труен останал во Сен Мало каде што им посвертил внимание и на жените. Тој бил бмешан во двобојот со Шарл Коњец, поради тоа што бил измамен во партија карти. И двајцата биле приведени од страна на полицискиот офицер Воборел.

Војната за шпанското наследство

уреди

Во 1702, за време на војната за шпанското наследство, Рене Диге-Труен со бродовите Белон и Раилоз и служел на француската морнарица.

На 21 октомври 1707, заедно со Клод де Форбин тој извојувал голема победа над англискиот конвој во Битката кај Лизард.

На 21 септември 1711, во единаесетдневна борба Рене Диге-Труен го освоил Рио де Жанеиро. Тој тоа го сторил со 17 бродови и околу 6000 луѓе наспроти одбранбените 7 бродови и 12000 луѓе. Тој го откупил гувернерот, а во овој потфат инвеститорите двиојно ги зголемиле своите пари.

Подоцнежната кариера

уреди

Во својота понатамошна кариера, Рене Труен предводел флоти во Сен Мало, а подоцна и во Брест и Тулон. Тој починал во 1736 година по молбата до кралот Луј XV да му помогне на неговото семејство.