Региони во Данска
(Пренасочено од Региони на Данска)
Регионите во Данска (дан. regioner) се создадени како дел од административното преуредување на земјата во 2007 година.[1] како замена за дотогашните окрузи (amter). Воедно, бројот на општини (kommuner) бил намален од 270 на 98.
Задачи на регионите
уредиПрема Законот за регионите нивните задачи се:
- Здравствениот систем
- Регионалниот развој (природа, екологија, економика, туризам, вработеност, образование, култура и развивање на помалку развиените и на земјоделски делови во регионите, како и административни услуги за регионален раст)
- Загадување на почвите
- Картографирање на суровините и планирање за нивната експлоатација
- Специјализирани социјални институции за социјално и психички слаби жители
- Создавање друштва за јавен транспорт (автобуси, возови и слично)
Данските региони не се финансираат од директни даноци, туку од државни субвенции (фискални трансфери).
Список на региони
уредиЛого | Назив | Изворно | Админ. центар | Најголем град | Население [2] |
Површина (км²) |
Густина (жит./км²) |
Составни окрузи до 2007 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Податотека:Region Zealand logo.jpg | Зеланд[бел 1] | Region Sjælland | Соре | Роскилде | 817.907 | 7.217,8 | 113,32 | Роскилде, Стурстрем и Западен Зеланд |
Податотека:Region Syddanmark logo.png | Јужна Данска | Region Syddanmark | Вајле | Оденсе | 1.201.342 | 12.191 | 98,02 | Фунен, Рибе, Јужен Јитланд и јужната половина од Вајле |
Престолнински[бел 2] | Region Hovedstaden | Хилеред | Копенхаген | 1.714.486 | 2.546,3 | 673,32 | Копенхаген и Фредериксборг | |
Северна Данска | Region Nordjylland | Олборг | Олборг | 579.996 | 7.874,0 | 73,66 | Северен Јитланд, северниот дел од Виборг и мал дел од Орхус | |
Податотека:Region Midtjylland logo.jpg | Среден Јитланд | Region Midtjylland | Виборг | Орхус | 1.266.682 | 13.000,2 | 97,44 | Рингкјебинг, речиси сет Орхус, јужниот дел од Виборг и севериот дел од Вајле |
Данска | Danmark | Копенхаген | Копенхаген | 5.580.413 | 42.894,8 | 130,10 |
- Белешки
- ↑ Поавтентично наречен „Шеланд“.
- ↑ Наречен и „Голем Копенхаген“.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Образложение за административното преуредување на Данска Архивирано на 22 септември 2011 г. (англиски)
- Буџет на регионите во Данска (дански)