Рајко Ѓуриќ
Рајко Ѓуриќ (српски: Рајко Ђурић, ромски: Raiko Juric), (Мало Орашје, 3 октомври 1947 - Белград, 2 ноември 2020) — српски и ромски писател, политичар и претседател на Унијата на Ромите на Србија.[1]
Рајко Ѓуриќ Рајко Ђурић | ||
Роден | 3 октомври 1947 Мало Орашје | |
---|---|---|
Починал | 2 ноември 2020 Белград | |
Националност | Ром | |
Занимање | писател, политичар |
Животопис
уредиРајко Ѓуриќ е роден на 3 октомври 1947 година во Мало Орашје, Смедерево. Студирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белгарад (1967—1972). Во 1986 година докторирал социологија на тема Културата на Ромите во СФРЈ. Во 1991 година се преселил во Берлин каде живеел во текот на деведесеттите години на 20 век.
Напишал повеќе од 500 статии и до заминувањето од Југославија бил главен уредник на културната рубрика на дневниот весник „Политика“.[2] Напишал 34 книги и учествувал во продукцијата на филмот Собирачи на перја од Александар Петровиќ и бил косценарист на филмот Дом за бесење од Емир Кустурица[3] Бил претседател на Меѓународната ромска унија и генерален секретар на Ромскиот центар Меѓународен ПЕН центар.
Творештво
уреди- Bi kheresko-Bi limoresko, 1975
- Purano svato o dur themestar, 1980
- A i U - A thai U, 1982
- Kultur der Roma und interkulturelle Beziehungen, 1988–1990
- Paradigmen in der Kultur der Roma, 1992
- Die Kultur der Roma und Sinti, 1993
- Драма „Да се убие Зоран Ѓинѓиќ” по која настанала истоимената претстав во режија на Златко Паковиќ.
Наводи
уреди- ↑ Преминуо Рајко Ђурић („Политика”, 3. новембар 2020)
- ↑ Ђурић, Rajko. Доба недоба = Kal akalesko. Смедерево : Међународни фестивал поезије Смедеревска песничка јесен = Smederevo : International Festival of Poetry Smederevo's Poet Autumn, 2015. стр. 74–75. ISBN 978-86-6255-044-6.
- ↑ „O nama : Predsednik URS: Dr. Rajko Đurić“. www.unijaromasrbije.org (српски). Site officiel de l'Union rom de Serbie. Архивирано од изворникот на 2008-02-08. Посетено на 2 February 2008..
Надворешни врски
уреди- Поема Архивирано на 8 октомври 2007 г.
- Интервју