Дом за бесење

југословенски филм од 1988 година во режија на Емир Кустурица

Дом за бесење (српскохрватски: Дом за вешање/Dom za vešanje) — југословенски љубовен драмски филм од 1988 година во режија на Емир Кустурица. Дејствието во филмот ја раскажува припадноста на млад Ром со волшебни моќи, кој е измамен да се вклучи во ситни злосторства. Филмот бил снимен во Сараево, Скопје и Милано. Се смета за едно од најголемите филмски остварувања на Кустурица и бил избран како југословенски предлог за Оскар за најдобар странски филм на Шеесет и второто доделување на наградите Оскар, но не бил номиниран.[1]

„Дом за бесење“
Dom za vesanje.jpg
Постерот за филмот
РежисерЕмир Кустурица
ПродуцентМирза Пашиќ
СценаристЕмир Кустурица
Гордан Михиќ
Главни улогиДавор Дујмовиќ
Бора Тодоровиќ
Љубица Аџовиќ
Жанрљубовен
драма
МузикаГоран Бреговиќ
КинематографијаВилко Филач
МонтажаАндрија Зафрановиќ
ДистрибутерФорум Сараево
Хари Салцман
Телевизија Сараево
Премиера21 декември 1988
Времетраење140 мин.
ДржаваСФРЈ СФР Југославија
Јазикромски
српскохрватски
италијански

Кратка содржинаУреди

Во оваа жива приказна чиешто дејствие се одвива во поранешна Југославија, прочуениот млад Ром со телекинетички способности Перхан е заведен од светот на брзата заработка со ситно злосторство коешто се заканува да го уништи него и оние кои ги сака.[2]

Злосторникот Ахмед го убедува да ги напушти својата пожртвована баба и девојката која ја сака, како и да ги употреби своите моќи за незаконски да заработи пари. Додека прераснува во возрасен маж и го учи злосторничкиот занает, момчето ја бара својата сестра, која би требало да се наоѓа на операција на ногата, и се обидува да заштеди пари како би можел да го оствари својот сон да се врати дома и да се венча со девојката на своите сништа.[3]

Критички освртУреди

Филмот може да се окарактеризира како уметнички обид една млада, но богата судбина на вонбрачно дете родено во врска меѓу Ромка и војник да се преточи во општа слика на животниот пат. Никој не може така силно и вистинито да го исцрта ликот на оној кој ги презема злото, несреќата и човечкото патење како човек кој никаде не припаѓа, не е ниту Ром ниту нешто друго. Тешко дека целокупната животна вистина може така лесно да се обедини како што е случајот со Перихан и неговата положба. Момчето кому животот му ја носи смртта на мајка си, а татко му засекогаш го напушта, останува да живее со баба си во немаштија, но само материјална, а неговата личност ги обединува искуството, љубовта и виталноста на моралната личност.[4]

Верувајќи дека само почитувањето може да го спаси човека од пеколот и дека само така човек може да воспостави рамнотежа со природата којашто е, по нејзино мислење најважна за човековиот живот, бабата создава лична филозофија и знаење коешто му го пренесува на Перихан. Тоа го чини додека заедно собираат кречен камен којшто го продаваат и од тоа живеат обајцата, Перхановата помлада сестра и неговиот вујко којшто е безделничар и староградски женкар, што е спротивно на Перхан и баба му, но сепак задржува привлечност и некоја чудна топлина и духовност наследена од бабата.[4]

Глумечки составУреди

Глумец Улога
Давор Дујмовиќ Перхан
Бора Тодоровиќ Ахмед
Љубица Аџовиќ Хатиџа
Хуснија Хасимовиќ
Синоличка Трпкова Азра
Забит Мемедов Забит
Елвира Сали Данира
Суада Каришик Џамила
Предраг Лаковиќ
Мирсад Зулиќ
Ајнур Реџепи Перханов син
Бедрије Халим Ружа
Шабан Ројан
Бранко Ѓуриќ Ѓуро
Един Ризвановиќ
Марјета Грегорац
Борис Јух
Ибро Зулиќ
Адвија Реџепи
Емир Черин
Мурат Јагли
Ирфан Јагли
Јулијана Демировиќ
Назипа Ахметовиќ
Алберт Мамутовиќ
Јадранка Аџовиќ

ПродукцијаУреди

Прв избор на Кустурица за улогата на Ахмед бил Драган Николиќ, но потоа таа му припаднала на Бора Тодоровиќ.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Margaret Herrick Library, Academy of Motion Picture Arts and Sciences.
  2. „Дом за вешање“. Филмови. Посетено на 12 април 2020.
  3. „Дом за вешање“. РТС. Посетено на 12 април 2020.
  4. 4,0 4,1 „Дом за вешање“. Мој Тв. Посетено на 12 април 2020.

Надоврешни врскиУреди