Дисперзен систем
Дисперзен систем претставува смеса во која честичките на една супстанца се распоредени низ честичките на друга супстанца. Дисперзните системи може да се поделат на различни начини, но најважна е нивната поделба врз основа на големината на диспергираните честички. Врз основа на тоа разликуваме:
Молекуларно-дисперзни системи-раствори кај кои големината на честичките е од 0.1-10nm
Колоидно дисперзни системи-колоиди кај кои големината на честичките се движи од 1-1000nm
Грубо-дисперзни системи кај кои големината на честичките е над 1000nm