Рангел

поранешно село во Воденско, Егејска Македонија

Рангел (грчки: Ράγγελ) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.[1]

Рангел
Ράγγελ
Рангел is located in Грција
Рангел
Рангел
Местоположба во областа
Рангел во рамките на Воден (општина)
Рангел
Местоположба на Рангел во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°51′N 21°57′E / 40.850° СГШ; 21.950° ИГД / 40.850; 21.950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во денешниот атар на Теово по патот за Кронцелево.[1]

Историја

уреди

Рангел било македонско село распаднато на крајот од XVIII век,[1] поради зулумите на разбојничките банди. Неговите жители се преселиле во Теово.[2]

Според истражувањата на Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), на почетокот на XIX век еден сој со 11 куќи од Рангел се преселил во блиското Теово, бегајќи од зулумите на Гегите. Тие биле: Фудуловци (2 куќи), Кара Јанковци (2 куќи), Цветковци (2 куќи) Аповци (1 куќа), Топал (1 куќа), Шиндивци (2 куќи) и Дајко (1 куќа). Овие семејства се женеле меѓусебно.[3] Во времето на неговата посета (за време на Првата светска војна), на местото на некогашниот Рангел сè уште биле видливи „грамади“ (темели од куќи).[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 56. ISBN 9989-9819-5-7.
  2. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 57. ISBN 9989-9819-5-7.
  3. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 64.
  4. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 101.